Орбан – Мицкоски во Охрид: Со години наназад, политичките и економските врски меѓу нашите држави се продлабочуваат

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, утрово оствари куса средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Охрид. Орбан е во официјална посета на Македонија, а денеска ќе има и обраќање пред новинарите. „Имав плодна и пријателска средба со унгарскиот колега Виктор Орбан. Историјата сведочи за нашиот заеднички стремеж кон мир, просперитет и соработка. Унгарија во минатото беше […]

Повеќе

Крстовден – Воздвижение на Чесниот и Живототворен Крст Господов

На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ, враќањето на Чесниот Крст од Персија во Јерусалим. Обиколувајќи ја Светата Земја, светата царица Елена намисли да го побара Чесниот Крст на Христа. Некој старец Евреин, по име Јуда, единствен знаеше за местото каде се […]

Повеќе

Театар Хит од Скопје со претставата „Младиот Чорбаџија“ ќе гостува во Охрид овој петок

Во рамки на циклусот културни настани за деца што ги организира Општина Охрид, овој петок  на сцената кај ТЦ Амам со почеток во 18.30 часот ќе се одржи претставата „Младиот Џорбаџија“   во изведба на актерите од Театар Хит – Скопје. Претставата е работена според мотивите на делата од Марко Цепенков. Целта на настанот е на […]

Повеќе

Градоначалникот Кирил Пецаков дел од 27. Конгрес на Друштвото на хемичари и технолози за климатски промени

Имав чест, денес, да бидам дел од 27. Конгрес на Друштвото на хемичари и технолози за климатски промени. Особено сум горд што Охрид е избран за град каде се одржува овој значаен настан.Вредностите на овој древен град, во осумдесетите години од минатиот век ги препознала меѓународната стручна јавност и на нивни предлог Охрид и Охридското […]

Повеќе

Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава

возила треба да ги дислоцираат возилата од паркинг-местата на булеварот „Туристичка“ и улиците „Коста Абраш“, „Цар Самоил“ и Кејот „Македонија“. За време на самитот на НАТО во Вашингтон што се одржа во првата половина на јули, Мицкоски со Орбан договорија кредит од Унгарија во висина од 500 милиони евра. На 17 септември законот за унгарскиот […]

Повеќе

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Корнилиј стотникот

Римјанин и римски офицер во Кесарија Палестинска. Крстен од апостолот Петар, според небесно откровение (ДАп. 10, 1). Беше прв од незнабошците што ѝ пристапија на Божјата Црква. Дотогаш некои мислеа дека Црквата Христова е само за Евреите и за оние што го примаат еврејското обрезание. Откако се крсти, Корнилиј остави сè и тргна по апостолот […]

Повеќе

Пронајдена и одземена марихуана од охриѓанец

На 24.09.2024 во 18.45 часот на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го приведоа  лице на (20) г  од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Претседателката Сиљановска Давкова на дебата на Советот за безбедност на ОН и на состанок на Глобалната коалиција за справување со заканите од синтетички дроги

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации, присуствуваше на состанокот на Глобалната коалиција за справување со заканите од синтетички дроги и на дебатата на Советот за безбедност, кадешто оствари куси средби со повеќе лидери и претставници на меѓународни организации.  На покана на претседателот на Соединетите Американски Држави, […]

Повеќе

Бигорски манастир по повод Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден на 26 септември

Во чест на празникот посветен на Воздвижението на чесниот и животворен Крст Господов – Крстовден, во свештената Раичка обител на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, на 26 септември 2024 г. (четврток), ❈ Ќе се отслужи свечена и празнична вечерна богослужба, со почеток во 18:00 часот, на која молитвено ќе претстои Старецот на Обителта, Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј. На крајот од вечерната […]

Повеќе

Три лица од Непал го напуштиле хотелот во Охрид каде биле вработени

Вчера во 09.45 часот во СВР Охрид е пријавено дека 29-годишниот С.С., 22-годишниот Д.С. и 20-годишниот Н.К., сите од Непал, го напуштиле хотелот каде биле сместени и биле вработени, извести СВР Охрид. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Повеќе