Николоски на Политичката академија на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ: Зборуваме за стратегија, политичка доктрина и начин на организација

Охрид

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт и врски и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска беше еден од говорниците на Политичката академија на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook / Aleksandar Nikoloski

– Денот го почнуваме со најпрогресивните дами во Македонија – Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Зборуваме за стратегија, политичка доктрина и начин на организација. Со модерни идеи и женско лидерство кон одговори за суштинските животни прашања. Благодарност до Претседателката Марија Митева и новиот Извршен Комитет на УЖ за можноста да поразговараме за ВМРО-ДПМНЕ, Македонија и концептите за подобра иднина – напиша Николоски.

Во соработка со фондацијата „Конрад Аденауер“ и Партискиот истражувачко-аналитички центар „Љубиша Георгиевски“, од во Охрид се одржува Политичката академија на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Академијата е посветена на унапредување на политичкото образование, зајакнување на лидерските капацитети и поголемо учество на жените во процесите на одлучување. МИА

Please follow and like us: