Нарушен јавниот ред и мир на булеварот ‘Македонски Просветители’

На 15.09.2024 година во 02 часот, на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, приведен е лице од 32 години од Охрид и лице од 18 години,  од селото Лешани, општина Лешани кои претходно, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. СВР Охрид

Повеќе

Денеска се празнува Светиот маченик Мамант

Родум од Пафлагонија, од Теодот и Руфина, прочуени христијани. Неговите родители беа фрлени во затвор заради Христовото име. Во затворот прво умре татко му, а потоа мајка му, откако го роди, и самата се упокои. Така, значи, остана младенецот во затворот меѓу мртвите тела на своите родители. Но, Промислителот Бог го испрати Својот Ангел кај […]

Повеќе

Денеска се празнува Преподобен Симеон Столпник, црковна година

Родум Сириец, од родители селани. Во својата осумнаесетта година побегна од родителите и се замонаши. Се предаваше себеси на најтешки подвизи, понекогаш постејќи по четириесет дена. Потоа се предаде на особен подвиг: имено, деноноќно стоеше на столб, во непрестајна молитва. Неговиот столб најпрво беше висок шест лакти, потоа му подигнаа еден од дванаесет, па од […]

Повеќе

Претседателката Сиљановска Давкова оствари средба со бугарскиот претседател Радев во Софија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Софија оствари тет-а-тет средба со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, по што се одржа состанок на македонската и бугарската делегација, на кој покрај претседателката Сиљановска Давкова присуствуваа и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. На средбата со […]

Повеќе

Денеска е празник на појасот на Пресвета Богородица

По своето успение, Пресвета Богородица му го даде својот појас на апостолот Тома. Тој појас подоцна беше пренесен во Цариград и чуван во запечатен ковчег во црквата на Пресвета Богородица во Влахерна, што ја изгради царицата Пулхерија. Овој ковчег никогаш не се отвараше, сè до времето на царот Лав Мудриот (886–912). Сопругата на Лав, царицата […]

Повеќе

Транспарентни општини го подобруваат квалитетот на услуги за граѓаните

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со амбасадорката на Швајцарија, н.е. Вероник Улман и Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, денеска ја посетија Општина Карбинци која е една од општините во која се спроведува проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“. Целта на посетата беше запознавање со имплементираните и тековните активности што се […]

Повеќе

Претседателката Сиљановска Давкова во посета на Република Бугарија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова утре ќе престојува во посета на Република Бугарија. Во рамки на посетата, претседателката Сиљановска Давкова во Софија ќе оствари средба со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев и ќе присуствува на настапот на македонската национална опера и балет, што во Софиската опера и балет ќе ја изведе операта „Набуко“ од Џузепе […]

Повеќе

Средба на претседателот на ИПА Охрид и началникот на СВР со градоначалникот Пецаков

По повод претстојниот 67 светски конгрес на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) кој од 17 до 22 септември оваа година, ќе се одржи во Охрид, денеска претседателот на ИПА Охрид Стефан Димоски и началникот на СВР Охрид Игор Смилески, кој е генерален секретар на ИПА Охрид, остварија работна средба со охридскиот градоначалник Кирил Пецаков. Притоа, претседателот […]

Повеќе

Без вода корисниците од улицата „Абас Емин“, поради дефект

Поради настанат дефект на водоводната мрежа (пукната е цевка со профил ф200 мм), денес од 08:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Абас Емин“. Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.

Повеќе

Денеска се празнуваат Светите Александар, Јован и Павле, патријарси Цариградски

Александар учествуваше на I Вселенски Собор во Никеја, наместо престарениот патријарх Митрофан, когошто потоа го наследи. Kога некои философи сакаа да се препираат со него за верата, на едниот од нив му рече: „Во името на мојот Господ Исус Христос ти заповедам да замолкнеш!“ И во тој миг философот онеме. Со својата молитва и на […]

Повеќе