Денес се празнува откривање и пренос на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан

Кога злите Евреи го убија со камења свети Стефан, го оставија неговото тело да го изедат кучињата. Но, Промислата Божја сакаше поинаку. Телото на маченикот лежеше на отворено место под градот два дена и две ноќи, а втората ноќ дојде Гамaлиил, учителот на Павле, а потаен ученик на Христа, го зеде телото, го однесе на […]

Повеќе

Физичка пресметка помеѓу две лица во Љубаништа

На 13-ти август 2024 година, во 13:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека во охридското село Љубаништа е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 65-годишно лице од Прилеп и 36-годишен жител на Љубаништа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид. 

Повеќе

ОХРИД ГО ЧЕСТВУВА ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА ГОЛЕМИОТ ПИСАТЕЛ ЖИВКО ЧИНГО

Во атарот на манастирот Света Петка во Велгошти, вчеравечер се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, посветена на овој значаен литературен деец. Во рамки на свечената програма беше доделена наградата за најдобар расказ на авторката за Дијана Петрова за расказот „Јоанес Даубманус“. Во името на Општина Охрид свoј говор пред присутните имаше Ана Крстеска, заменик градоначалник. […]

Повеќе

Почина прота Петре С. Петрески од Јабланица

Почитувани браќа и сестри во Христа Бога.Токму од местото Манастирот Св.Богородица -Трескавец каде што и беше ракоположен, ве известувам дека се упокои во Христа Бога нашиот прота Петре С Петрески од с.Јабланица.

Повеќе

Изнесувањето на Чесниот Крст

Овој празник е востановен договорно од Грците и Русите за време на грчкиот цар Мануил и рускиот кнез Андреј во спомен на истовремената победа, и тоа: на Русите над Бугарите, а на Грците над Сарацените. Во обете војни во војските беа носени крстови од кои заблескаа небесни лачи. Затоа беше востановено на 1 август да […]

Повеќе

Донев: Донесовме уште едно законско решение со кое се одблокираат над 20 детални урбанистички планови во Општина Охрид

Денеска донесовме уште едно законско решение со кое се одблокираат над 20 детални урбанистички планови во Општина Охрид, започнати со стариот закон за урбанистичко планирање.За урбано и планско развивање на Охрид, напиша на својот ФБ профил пратеникот Сашо Донев.

Повеќе

Донев: Вчера обезбедивме 2.5 милиони евра за капитални инвестици во Општина Охрид, а денес нов закон за непречно да градиме катна гаража, нови училишта, градинки и болници

Вчера обезбедивме 2.5 милиони евра за капитални инвестици во Општина Охрид, а денес нов закон за непречно да градиме катна гаража, нови училишта, градинки и болници.Денес во Собранието заврши комисиската расправа за Законот за урбанистичко планирање, чиј предлагач е Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.-Со овој закон се олеснува процедурата за реализирање капитални проекти […]

Повеќе

Светски ден на органодарителството, 13 август

На 13 август, по повод Светскиот ден на органодарителството, Националното здружение „Храбро срце“ по петти пат организира настан на плоштадот во Охрид. Овој значаен настан има за цел да ја подигне свеста кај населението за важноста на органодарителството, што претставува еден од најблагородните и животоспасувачки чинoви. Органодарителството овозможува луѓето да подаруваат втора шанса за живот, […]

Повеќе

ОХРИД ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА „ОПШТИНА ПРИЈАТЕЛ НА МЛАДИТЕ“

Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на мадите -12 ти август и Неделата на млади, вчера Претседателот  на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски присуствуваше на   конференцијата „ Општините  пријател на младите – Младинското учество во фокус“ што се одржа во Скопје. Во рамки на настанот Божиноски ја прими престижната награда „Општина пријател на […]

Повеќе

Денес се слави Свети Евдоким

Роден во Кападокија од благочестиви родители, Василиј и Евдокија. Во времето на царот Теофил (829–842) Евдоким беше млад офицер во војската. Но, и како војник вложуваше секаков напор за да живее според евангелските заповеди. Непорочно ја чуваше својата чистота и одбегнуваше дури и да зборува со која и да е жена освен со мајка си; […]

Повеќе