Денес се празнува Свети Евмениј, епископ Гортински на Крит

Од младоста сесрдно одеше по Христа, ослободувајќи се од двете големи бремиња: од бремето на богатството и од бремето на телото. Од првото бреме се ослободи раздавајќи го сиот свој имот на бедните и на сиромасите, а од другото со голем пост. И така се исцели прво себеси, па потоа почна и на другите да […]

Повеќе

Денес се празнуваат Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија

Живееја и пострадаа во Рим, во времето на царот Адријан. Мудрата Софија, како што ја одликува и името што го носи (бидејќи „софија“ на грчки значи мудрост), остана вдовица, а како добра христијанка се утврди себеси и своите ќерки добро во верата Христова. Во времето кога мачителската рака на Адријан се протегна и врз добродетелниот […]

Повеќе

Денес се празнува Светата великомаченичка Ефимија

Родум од Халкидон. Татко ѝ беше сенаторот Филофрон, а мајка – Теодорисија, обајцата благочестиви христијани. Ефимија беше прекрасна девица и по тело и по душа. Кога антипатот Приск устрои празник за жртвопринесување на Ареј во Халкидон, тогаш четириесет и деветмина христијани за да го одбегнат тоа скверно жртвопринесување се сокрија. Меѓутоа, ги пронајдоа и ги […]

Повеќе

Денес се празнува Светиот маченик Никита

Родум од Готите, ученик на епископот Теофил Готски, кој учествуваше на Првиот Вселенски Собор. Кога готскиот кнез Атанарик почна да ги прогонува христијаните, тогаш свети Никита застана пред кнезот и го изобличи за безбожништво и нечовечност. Мачен со страшни маки, Никита сè посилно ја исповедаше верата Христова и Му се молеше на Бога со благодарност. […]

Повеќе

Денес се празнува Крстовден

На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ, враќањето на Чесниот Крст од Персија во Ерусалим. Обиколувајќи ја Светата Земја, светата царица Елена намисли да го побара Чесниот Крст на Христа. Некој старец Евреин, по име Јуда, единствен знаеше за местото каде се […]

Повеќе

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Корнилиј стотник

Римјанин и римски офицер во Кесарија Палестинска. Крстен од апостолот Петар, според небесно откровение (ДАп. 10, 1). Беше прв од незнабошците што ѝ пристапија на Божјата Црква. Дотогаш некои мислеа дека Црквата Христова е само за Евреите и за оние што го примаат еврејското обрезание. Откако се крсти, Корнилиј остави сè и тргна по апостолот […]

Повеќе

Обраќање на Премиерот Мицкоски на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк

Довербата не може бесконечно да биде еднострана обврска, а меѓународниот поредок мора да обезбеди исти правила, достоинство и предвидливост и за малите и за големите држави, порача претседателот на Владата во обраќањето на Генералната дебата на 81. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Во говорот, премиерот се осврна на промените што ги […]

Повеќе

Тошковски во работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар Запад: „Безбеден град“ во Охридскиот регион стартува од 12 октомври

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи Запад, каде со раководствата разговараше за актуелната безбедносна состојба, тековните активности и приоритетите во работењето. Во СВР Охрид, посебен акцент беше ставен на завршните подготовки на командниот центар, неопходен за практична примена на системот „Безбеден град“ […]

Повеќе

Денес се празнува Преподобна Теодора

Од Александрија, жена на млад маж. Наговорена од некоја бајачка, таа изврши прељуба со друг човек. И веднаш совеста почна луто да ја гризе. Си ја исече косата и се облече во машка облека, па стапи во машкиот манастир Октодекат под машкото име Теодор. Нејзиниот труд, пост, бдеење, понизноста и плачното покајание ги восхитуваа сите […]

Повеќе

Денес се празнуваат Светите маченички Минодора, Митродора и Нимфодора

Трите се родени сестри од некое место во Витинија Азиска. Воспитани во христијански дух, се повлекоа од градот во пустината, сакајќи да го воздигнат својот ум кон Бога и да се ослободат од сиот лажлив свет и така да го проживеат овој век во чистота и девственост, како вистински невести Христови. Се предадоа на голем […]

Повеќе