Денес се празнува Светиот маченик Трифун

Роден е во селото Кампсада, во Фригија, од сиромашни родители. Во детството беше чувар на гуски. И уште од детството врз него беше голема Божја благодат и можеше да исцелува болести кај луѓето и кај животните и да изгонува бесови. Во тоа време со Римското царство завладеа царот Гордијан, чијашто ќерка се помрдна од умот […]

Повеќе

Денес се празнуваат Светите Кир и Јован, бесребреници и чудотворци

Овие милосрдни и прекрасни светители не беа браќа по крв, но беа браќа по дух. Кир најнапред живееше во Александрија и како лекар ги лечеше луѓето со силата Христова и со материјални лекови. Кога дозна дека болестите ги напаѓаат луѓето најмногу заради гревовите, почна непрестано да ги упатува болните со пост и покајание да си […]

Повеќе

Денес се празнуваат Светите Три Јерарси: Васили Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст

Светителите Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст имаат секој свој посебен ден на празнување во месецот јануари. Но, овој заеднички празник е востановен во 11 век за време на царот Алексиј Комнен. Еднаш однекаде настана расправа меѓу народот околу тоа кој од овие тројца светители е најголем. Едни го величаа светиот Василиј заради неговата […]

Повеќе

ИЗВЕСТУВАЊЕ до жителите од улиците ,,Будва”, ,,Винковачка”, ,,Прилепска” и ул.,,Железничка”

Ј.П.„Охридски Комуналец” ги известува жителите од улиците: ,,Будва”, ,,Винковачка”, ,,Прилепска” и ул.,,Железничка” дека во деновите 12.02.2025 год (среда) и 15.02.2025 год.(сабота) ќе врши доделување на садови за отпад од пластика и хартија, за корисниците кои до овој момент не ги подигнале садовите Ј.П.„Охридски Комуналец” во месец декември 2024 год. започна со дистрибуција на 120 литарски […]

Повеќе

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Игнатиј

Главното празнување на свети Игнатиј е на 20 декември. На овој датум се празнува преносот на неговите мошти од Рим, каде што маченички пострада, во Антиохија, во којашто порано беше архијереј. Кога свети Игнатиј беше повикан во Рим за да одговара пред царот Трајан за својата вера, на тој долг пат го придружуваа неколкумина граѓани […]

Повеќе

Денес се празнува Преподобен Ефрем Сирин

Роден е во Сирија, од бедни родители, во времето на царот Константин Велики. Раната младост ја помина прилично бурно, но одеднаш во неговата душа настана пресврт и тој почна сиот да гори од љубов кон Господа Исуса Христа. Му беше ученик на свети Јаков Нисибиски (13 јануари). Од големата Божја благодат од неговата уста извираше […]

Повеќе

Денес се слави Недела на митарот и фарисејот

Неделата на митарот и фарисејот е првата од трите недели, подготвителни за Великиот Пост. Тие се од светите отци смислени како обука и поттик, за да бидеме готови за духовниот подвиг на постот, оставајќи ги скверните обичаи и навики. Оние кои се готват за телесна битка, најпрвин од војсководците го дознаваат времето на битката, за […]

Повеќе

„Каде што срцето е дома“: Аеродром прв домаќин на серијата теренски посети на Министерството за локална самоуправа

Општина Аеродром денеска беше домаќин на првата од серијата посети на Министерството за локална самоуправа во рамките на иницијативата „Каде што срцето е дома“. Оваа иницијатива има за цел директно запознавање со предизвиците и потребите на локалните самоуправи и граѓаните, со фокус на изнаоѓање соодветни решенија за нивно надминување и постигнување поголем напредок. На посетата […]

Повеќе

Денес се празнува Преподобна Ксенија

Родена е во Рим како ќерка-единица на прочуен сенатор. Привлечена од љубовта Христова не сакаше да стапи во брак како што сакаа нејзините родители, па за да ја избегне мажачката побегна од дома тајно, заедно со своите две робинки, па отиде на островот Коа во местото Милас. Овде основа обител на девици што се подвизуваа […]

Повеќе

Денес се празнува Светиот апостол Тимотеј

Еден од седумдесетмината апостоли. Роден во Листра Ликаониска од татко Грк и мајка Еврејка. Мајка му и баба му ги пофалува светиот апостол Павле за нивната нелицемерна вера (2Тим. 1, 4-5). Во Листра Тимотеј за првпат се сретна со великиот апостол и самиот беше сведок кога Павле исцели еден куцоног од раѓање. Подоцна Тимотеј му […]

Повеќе