Семки од канабис пронајдени при полициски претрес

На 11.03.2026, со судска наредба, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид извршија претрес во домот на (46) од охридското село Пештани. Притоа,  пронајдени се семки од растението канабис сатива. Тие се одземени за понатамошна постапка и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Please follow and like us:

Повеќе

Комеморација за пожарот во Кочани: Трагедиите не треба да бидат поле на раздор, туку моменти на солидарност, хуманост и сплотеност

Трагедиите никогаш не треба да бидат поле на раздор. Тие треба да бидат моменти на солидарност, на хуманост и сплотеност, истакна претседателот на Собранието, Африм Гаши во обраќањето на комеморативната седница за годишнината од пожарот во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени. Комеморативната седница почна со едноминутно молчење […]

Повеќе

По 18 години повторно операции на крајници во Општата болница во Охрид

По пауза од 18 години, во Општата болница во Охрид повторно започнаа да се изведуваат операции на крајници, што претставува значаен чекор за подобрување на здравствените услуги во регионот. Двете први интервенции успешно ги извршија лекари од Охрид, со прокторство и стручна поддршка од тимот на Клиниката за уво, нос и грло од Скопје, предводен […]

Повеќе

Денес се празнува Свети Агатангел Битолски

Овој светител пострада од Агарјаните во 1727 година. Како што пишува на кивотот во кој се чува неговата чесна глава, во тој период од нивното владеење, Агарјаните имаа свиреп обичај за време на тридневното празнување на празникот Рамазан насилно да приведуваат во својата исламска вера некои од поробените христијани. Во страв и трепет пред нивниот […]

Повеќе

СВР Охрид предупредува: Лажни СМС пораки за сообраќајни казни – обид за измама

Во СВР Охрид пристигнуваат пријави од граѓани за добиени СМС пораки на нивните мобилни телефони, наводно испратени од Одделението за моторни возила при МВР со известување за безбеден град дека нивното патничко моторно возило било евидентирано за сообраќаен прекршок. Притоа, се даваат насоки на која електронска адреса можело да се видат деталите за наводниот прекршок […]

Повеќе

Охриѓанец приведен поради напад врз невенчана сопруга и малолетно дете

На 10.03.2026 во 23:15 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода (44) од Охрид по претходна пријава дека, во семејниот дом физички ги нападнал неговата невенчана сопруга и нивното малолетно дете. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Please follow and like us:

Повеќе

„Има помош, за живот без насилство“ – Новата проектна активност на СВР Охрид

„Има помош, за живот без насилство“ е новата проектна активност што СВР Охрид отпочна да ја реализира на целото подрачје што го покрива. Проектот има превентивно-едукативен карактер а се спроведува со понагласени и интензивни контакти на полициските службеници од отсекот за превенција со граѓаните. Целта е нивно поблиско информирање за појавните почетни форми и манифестации […]

Повеќе

Денес се празнува Свети Порфириј, епископ Гаски

Овој голем архипастир се роди во Солун од богати родители. Младоста до дваесет и петтата година ја проживеа во родниот град, а потоа го напушти родителскиот дом и светскиот живот и се оддалечи во египетската пустина. Под раководство на опитен духовник, младиот Порфириј таму се замонаши и мина пет години. Потоа ја посети Светата Земја […]

Повеќе

Плодна 2025 за охридската Библиотека „Григор Прличев“, амбициозна програма со 28 проекти за 2026

Минатата 2025 беше плодна за НУ Библиотека „Григор Прличев“ одОхрид. Реалзирани беа над 30 проекти како дел од Годишната програма заработа финансирана од страна на Министерството за култура итуризам . Главен настан беше враќањето на Пчињското евангелие кое датираод крајот на 16 век во Библиотеката. Тоа до октомври 2025 беше нареставрација во НУБ „Св. Климент […]

Повеќе

Снаа физички нападната од свекор и свекрва, следува пријава

На 09.03.2026 во СВР Охрид е пријавено дека лице 1 и ливе 2 во семејниот дом во Охрид агресивно се однесувале кон нивната снаа и физички ја напаѓале. Во соработка со Центарот за социјални работи од Охрид, по целосно документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава. Please follow and like us:

Повеќе