По пауза од 18 години, во Општата болница во Охрид повторно започнаа да се изведуваат операции на крајници, што претставува значаен чекор за подобрување на здравствените услуги во регионот.
Двете први интервенции успешно ги извршија лекари од Охрид, со прокторство и стручна поддршка од тимот на Клиниката за уво, нос и грло од Скопје, предводен од директорот д-р Игор Камшиковски. Со ова, пациентите од Охрид и околината ќе можат да добијат побрза и подостапна услуга без потреба од патување во Скопје, а воедно ќе се растоварат и капацитетите на терциерните клиники.
Покрај оваа новина, болницата доби и нов ендоскопски апарат, со што гастроентеролозите ќе можат да изведуваат повеќе гастроскопии и колоноскопии. Исто така, отворен е и нов Центар за менаџирање на дебелина, насочен кон превенција и подобра грижа за здравјето на граѓаните.
Овие чекори се резултат на континуирана соработка меѓу локалното и централното ниво, како и посветената работа на медицинскиот персонал во Охрид.
https://www.facebook.com/SasoKlekovski/posts/122284401764218231?ref=embed_post

