Денеска ќе се изврши преосветување на манастирскиот храм „Пресвета Богородица Заумска“

Денеска ќе се изврши преосветување на манастирскиот храм „Пресвета Богородица Заумска“, во близина на Трпејца. Од Дебарско-кичевската епархија информираат дека од 08:00 часот ќе има утрена богослужба, а од 09:00 часот ќе започне чинот на преосветување на манастирскиот храм. Во 10:00 часот ќе започне Света Архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски, […]

Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Министерката за НЕкултура да се извини за навредите кон угостителите и да си поднесе оставка!

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во своето обраќање на 63. Фестивал „Охридско лето“ крајно безобразно и некултурно ги навреди не само угостителите, туку и охриѓани. Без нималку срам се дрзна и изјави: „…угостителите да не им наплатуваат како да треба да платат воена отштета или некои други ненамерни долгови од векови наназад“. Како можете да […]

Повеќе

Пецаков за „Студио 10“: Средувањето на плажите наиде на позитивна критика кај граѓаните

Средувањето на плажите наиде на позитивна критика кај граѓаните, изјави за „Студио 10“ на Телевизија 24, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. Тој посочи дека престојат многу манифестации и Охрид ќе остане главна туристичка атракција и ова лето, а плажите дефинитивно ќе ја збогатат понудата. “Имав многу тешкотии во овие година и пол, заради, би рекол […]

Повеќе

Министерката за култура ги искара охридските угостители – не им наплаќајте на гостите како да треба да платат воена оштета

Синоќа на сцената на Античкиот театар во Охрид започна 63-тото издание на најзначајната културно-сценска манифестација кај нас, фестивалот „Охридско лето”. Пред присутните, меѓу другите, се обрати и министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, која на самиот крај од нејзиниот говор, гласно пред сите, им упати порака на охридските угостители. -Летната сезона во Охрид не трае […]

Повеќе

Четири лица повредени во сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, помеѓу селата Требеништа и Мешеишта

На 12.07.2023 во 13.50 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу с.Требеништа и с.Мешеишта, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.З.(47) од селото Стрелци, кичевско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Ќ.С.(56), Ф.З.(22) и Ф.З.(46), сите од истото село, […]

Повеќе

Сообраќајна несреќа на патот Охрид-Св.Наум, повредени три лица

На 12.07.2023 во 16.10 часот, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, помеѓу Заливот на коските и селото Трпејца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(36) од селото Трпејца и патничко возило „шкода октавија“ со германски национални ознаки, управувано од В.Т.(33) од Р.Германија. Во несреќата со тешки телесни повреди […]

Повеќе

Градоначалникот Пецаков оствари средба со амбасадорката на Република Србија, Невена Јовановиќ

Во официјална посета на Општина Охрид, денес, беше амбасадорката на Република Србија Н.Е. Невена Јовановиќ. На средбата градоначалникот и амбасадорката ги истакнаа добрите и пријателски односи помеѓу македонскиот и српскиот народ. Изразија желба и подготвеност ваквите односи дополнително да се надоградат со остварување на соработки во повеќе полиња. Потенцирано беше дека отворањето на сезонската авиолинија […]

Повеќе

Изложба на фотографии „Охрид 1940-45“

Заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиновски, синоќа, во куќата на Уранија, присуствуваше на отворањето на  изложбата на стари фотографии на Јонче Поп Стефанија коишто го „оживеаја“ Охрид во периодот 1940 до 1945 година. Изложбата е на универзитетскиот професор, Роберт Јанкулоски, и е изработена од негативите на познатиот охридски сликар, пред скоро еден век. Изложените фотографии се […]

Повеќе

Британскиот амбасадор Метју Лосон во официјална посета на Охрид

Британскиот амбасадор, Н.Е. Метју Лосон, денес, оствари официјална средба со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. Ова е прва официјална посета на британскиот амбасадор на Охрид. На средбата соговорниците разговараа за предизвиците со кои се соочува Охрид. Градоначалникот Пецаков истакна дека како Локална самоуправа се подготвени за справување со истите и воедно паралелно реализирање на зацртаните […]

Повеќе

(ФОТО) Пецаков: Започнаа активностите за асфалтирање на дел од улицата „Јордан Мијалков“ во Охрид

Денеска започнаа активностите за асфалтирање на дел од улицата „Јордан Мијалков“, објави градоначалникот Кирил Пецаков на својата официјална фејсбук страница. Во оваа фаза предвидено да се асфалтираат 400 метри со ширина од 5,5 до 6 метри. Градежните активности ги изведува АД „Илинден“, а финансиските средства се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, напиша градоначалникот Пецаков. […]

Повеќе