Денеска ќе се изврши преосветување на манастирскиот храм „Пресвета Богородица Заумска“, во близина на Трпејца.
Од Дебарско-кичевската епархија информираат дека од 08:00 часот ќе има утрена богослужба, а од 09:00 часот ќе започне чинот на преосветување на манастирскиот храм.
Во 10:00 часот ќе започне Света Архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски, Плаошко-струшки и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј во сослужение на Митрополитот Европски г. Пимен.
За заинтересираните кои ќе сакаат да присуствуваат има организиран превоз од селото Трпејца и со бродот „Александрија 2“ од Градското пристаниште.
Please follow and like us:

