Пецаков: Се подобруваат условите за настава во OУ „Христо Узунов“

Градоначалникот Кирил Пецаков изврши увид во текот на градежните работи кои се одвиваат во ООУ „Христо Узунов“. Со подршка на локалната самоуправа е извршена реконструкција на една училница, а завршена е постапката за набавка на 15 интерактивни табли во вкупна вредност од 1.100.000 денари. “Во текот на минатата година во ова училиште набавивме нови клупи […]

Повеќе

Спортски ден во Општина Охрид по повод 143 години од раѓањето на Тодор Александров

По повод 143 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров, ОУ „Живко Чинго“ и Сојуз за училишен спорт – Охрид организираа спортски ден за учениците во основните училишта во Општина Охрид. Натпревари се одржаа во дисциплина фудбал, баскет, шах и пинг понг. Честа да ги додели наградите за најуспешните од денешниот спортски […]

Повеќе

Мицкоски: Излезете да гласате и да добиеме 61 пратеник за економски реформи, за правда и одговорност и политичка стабилност

Мора оваа победа да е јасна и убедлива и со 61 пратеник. Ова е моето настојување и ова мора да биде нашата заедничка мисија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната Конвенција за избор на кандидат за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ. –И ќе кажам три причини за тоа. 61 пратеник за економски […]

Повеќе

Во стан во Охрид пронајден починат охриѓанец

На 01.03.2024 година во 14.35 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во стан во Охрид, лоциран на улицата „Даме Груев“, во кој престојувал, починат пронајден е 63-годишен охриѓанец. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било  дадено на обдукција. Please follow and like us:

Повеќе

Познати добитниците на стипендии за ученици и студенти за учебната 2023/2024 година

По претходно распишан Конкурс за доделување на стипендии за ученици од основните училишта во општина Охрид за учебната 2023-2024 година; Конкурс за доделување на стипендии за ученици од средните училишта во општина Охрид за учебната 2023-2024 година и Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти од Општина Охрид запишани на додипломски студии во I година на државните универзитети во Република […]

Повеќе

Охриѓанец ја истепал снаата

На 28.02.2024 во 22.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека Ц.В. од Охрид, во семејниот дом физички ја нападнал неговата снаа. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Please follow and like us:

Повеќе

Донесени решенија за субвенционирање на трошоци за комунални услуги

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа (,,Сл.весник на РМ“ бр.5/02), член 11, 12 и 306 став 2 од Законот за социјална заштита (,,Сл.весник на РМ” бр.79/09, 36/11, 51/11, 166/12, 15/13, 79/13, 164/13, 187/13, 38/14, 44/14, 116/14, 180/14, 33/15, 72/15, 104/15, 150/15, 173/15, 192/15, 30/16, 163/17 и 51/18), програмата за социјална и […]

Повеќе

Пецаков: Градежните активности за реконструкција на улицата „Гоце Делчев“ се одвиваат интензивно и по утврдена динамика

Градежните активности за реконструкција на улицата „Гоце Делчев“ се одвиваат интензивно и по утврдена динамика, објави градоначалникот Кирил Пецаков на својата официјална фејсбук страница. Во моментов ЈП „Нискоградба“ работи на изградба на атмосферската канализација во должина од 1200 метри. Веќе е завршен приклучокот на новата атмосферска мрежа по кракот на улица „Сатеска“ во населба Далјан. […]

Повеќе

Во болницата во Охрид починала 52-годишна жена од Струга

На 27.02.2024 во 16.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека во ЈЗУ Општа болница Охрид, во тешка здравствена состојба е примена 52-годишна жена од Струга, која и покрај укажаната помош, по кратко време починала.   За настанот е известен јавен обвинител по чија наредба телото на починатата е предадено на семејството, соопшти портпаролот на СВР […]

Повеќе

Лажни дојави за бомби во два деловни објекти, едно училиште, еден хотел и една такси компанија во Охрид

Денеска (28.02.2024 година) околу 10.00 часот е пријавено дека се  поставени бомби во два деловни објекти, едно училиште, еден хотел и една такси компанија во Охрид.  СВР Охрид и припадници на Единицата за антитероризам при МВР презедоа мерки и извршија детални проверки на локациите, по што е констатирано дека се работи за лажни пријави. СВР Охрид, во координација […]

Повеќе