Кривична пријава за бесправна градба во Велестово

Охрид Регион Црна хроника

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63-годишно лице и 52-
годишно лице, двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. На катарстарска парцела во охридското село Велестово, тие неовластено и без соодветна градежно – техничка документација, како и без одобрение за градба издадено од надлежен државен орган, отпочнале градба на семејна куќа. Од овластен градежен инспектор градилиштето било затворено со службена лента и службен знак.

Please follow and like us: