Поранешниот директор на охридската болница обвинет за злоупотреба на службената положба

Охрид Црна хроника

СВР Охрид поднесе кривична пријава против (39) годишен Охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Тој, во својство на вршител на должноста директор на ЈЗУ – Општа болница во Охрид, со пропуштање на должен надзор и без постоење на правен основ, на четири административни работници во болницата, кои немале решенија за раководна позиција, им определил коефициент на раководење и одговорност, со што на штета на болницата им овозможил право на повисока плата во вкупна вредност од 257.920 денари. Ова било констатирано и при вонреден инспекциски надзор, извршен од страна на Државниот инспекторат за труд.

Please follow and like us: