Запленети нелегални оружја на градскиот пазар, поднесени пријави против двајца продавачи

Охрид Црна хроника

На 07.02.2025 на подрачјето на Охрид, тимови од полициски службеници од СВР Охрид и службеници од Државниот пазарен инспекторат извршија заеднички контроли на лица кои вршат продажба на производи на јавна површина. Притоа, на две тезги во градскиот пазар, затекнати се (63) од Охрид и (47) од Крива Паланка, како за продажба изложиле ножеви, метални боксирачи, телескопски палки, лисици за врзување, клешти, метални палки, ножеви на преклоп, електро шок направи, разни спрејови и други предмети. Предметите се одземени и против двете лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Please follow and like us: