Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за промена на цените на горивата, која стапува на сила од полноќ.
🔹 ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за половина денар и ќе изнесува 79,5 денари за литар.
🔹 Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за еден денар и ќе чини 73 денари за литар.
🔹 ЕУРОСУПЕР БС-98 останува непроменет на 81,5 денари за литар.
🔹 ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе продолжи да се продава по 73 денари за литар.
Дополнително, мазутот М-1 НС ќе поскапи за 0,542 денари по килограм, достигнувајќи цена од 48,011 денари.
Please follow and like us:

