Битолчанката ДанаТембелеска ќе промовира две стихозбирки во Охрид

Култура Охрид

Утре – среда од 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека
„Григор Прличев“ од Охрид ќе гостува поетесата Дана
Тембелеска.

Профсор д-р Гордана Такец ќе ги промовира двете нови
стихозбирки на Тембелевска со наслов: „Капка среќа“и „Наслед
(е)на љубов“а авторката сама ќе ги чита сопствените стихови.
Во првата стихозбирка поетесата сонува и пее за подброто утре а
во втората книга на пиедесталот е татковината – Македонија.
Повеќе прозно отколку лирски во неа ја прикажува суровата
реалност.

Дана Тембелевска е поетеса која со силна гласност ја најавува
својата поетска мисла. Таа е силна жена, смела и храбра како
личност и моќна со стиховите.

Тембелевска, како што вели самата цел живот ја носи во себе
љубовта кон пишаниот збор во сите форми. Зад себе има бројни
награди и признанија а е член на Литературниот клуб од Прилеп.
Подготвува книга за деца а од неодамна успешно се занимава со
пишување афоризми, но и хаику поезија.

НУ Библиотека

Please follow and like us: