Уапсен жител на Косел – пронајдена марихуана и дигитална вага при претрес на домот

Охрид Црна хроника

На 08.04.2025 во 11.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода (26) од с.Косел, охридско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и други предмети со остатоци од марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Please follow and like us: