Забранета водата за пиење во Опеница

Охрид Регион

Водата од изворите во охридското село Опеница е забранета за пиење поради утврдена микробиолошка неисправност, соопшти Општина Охрид.

По извршените лабораториски анализи од страна на Центарот за јавно здравје Охрид, во водата од водоснабдителниот објект во селото е утврдено присуство на бактеријата Escherichia coli (E. coli) и колиформни бактерии.

Врз основа на добиените резултати, Агенцијата за храна и ветеринарство донела решение со кое се забранува користењето на водата за пиење.

Надлежните наложиле Месната заедница Опеница да постави јасни и видливи предупредувања дека водата не е исправна за пиење.

Жителите се повикуваат да ја почитуваат забраната и да не ја користат водата за пиење сè додека надлежните институции не потврдат дека е безбедна за употреба.

ЗАБРАНА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВОДАТА ВО ОПЕНИЦА – Ohrid.gov.mk

Please follow and like us: