Синоќа, внатрешната контрола на ЈСП затекна вработени како крадат значително количество нафта од гаражите на претпријатието во Ѓорче Петров. Веднаш е повикана полицијата, информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Вработените ќе бидат отстранети од работа, а градоначалникот очекува Обвинителството да отвори постапка и секој за кого ќе се утврди одговорност да одговара пред законот.

-Почитувани скопјани, токму за ова зборувам кога велам дека градот со години бил системски уништуван. Секој литар нафта во тие гаражи е платен со ваши пари за автобусите на ЈСП да ве однесат на работа, на училиште и дома. Моја обврска е да го чувам секој ваш денар. Кој и да посегне по него, ќе биде санкциониран. Без исклучок, посочи Ѓорѓиевски.
Денес, за разлика од минатото, жестоко се постапува против криминалот!
-Само со удар во чело, можеме да се избориме против корумпираните кои го уништуваат нашето и ваше Скопје. За Скопје се бориме со сите сили, порача скопскиот градоначалник.

