Мицкоски: Дизелот ќе поевтини за 6,5 денари

Премиерот Христијан Мицкоски очекува стабилизирање на цените и поевтинување на дизел горивото за 6,5 денари. За утре најави онлајн владина седница, а, како што рече денеска, одговорајќи на новинарски прашања, земјава ќе остане со убедливо најниски цени на горивата. Утре во текот на денот ќе имаме онлајн владина седница. Според нашите пресметки, врз основа на […]

Повеќе

МОН: Левица манипулира со ревизорски извештај од 2023 година и ја доведува јавноста во заблуда

Министерството за образование и наука (МОН) реагираше на соопштението на политичката партија Левица, обвинувајќи ја дека манипулира со информации и ја доведува јавноста во заблуда преку погрешно толкување на ревизорски извештај за работењето на Министерството во 2023 година. Од МОН посочуваат дека извештајот на кој се повикува Левица се однесува на периодот кога со Министерството […]

Повеќе

Петрушевски: Деаноски потрошил 60.000 евра за спортски игри во Црна Гора, имало и привилегирани учесници

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција упати обвинувања кон претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, и раководството на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), тврдејќи дека за организација на спортски игри во Чањ, Црна Гора, биле потрошени околу 60.000 евра. „Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ и член на претседателството на ССМ предводено од Слободан […]

Повеќе

Мицкоски: Нема да има повластени, новиот закон за пушење ќе се спроведува на целата територија на државата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на средба со здруженија, организации и претставници на засегнатите страни посветена на Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун порача дека законското решение е изработено низ инклузивен процес и во консултации со сите чинители, а неговата примена ќе биде еднаква за сите. Според Мицкоски, законот не е донесен набрзина […]

Повеќе

Манасиевски: Без гаранции од ЕУ нема да има уставни измени

ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот доколку претходно не бидат обезбедени гаранции од Европската Унија во форма на официјални заклучоци, порача денеска на прес-конференција портпаролот на партијата Валентин Манасиевски. „Промени на Уставот за внесување на Бугарите, без гаранции од ЕУ во форма на заклучоци – нема да има“, истакна […]

Повеќе

Четири мажи сè уште се заробени во поплавена пештера во Лаос, спасувањето е во тек

Спасувачката операција во поплавена пештера во Лаос влегува во критична фаза. Четворица мажи сè уште се заробени под земја, двајца се водат како исчезнати, а спасувачите предупредуваат дека нов дожд може драматично да ги влоши условите. Еден од заробените веќе е извлечен на безбедно, но операцијата за спасување на останатите е исклучително ризична. Патот до […]

Повеќе

Насилник брутално тепал и давел жена среде бел ден во Скопје, рацете му биле крвави – шокантно сведоштво на скопјанка

Скопјанката Александра во Фејсбук објава сподели шокантно сведоштво каде среде бел ден се случил страшен чин на семејно насилство. Во објавата таа раскажува како нејзината ќерка посведочила како насилник брутално тепал жена, ја давел, а рацете му биле крвави. „Мојата ќерка се обидела да ѝ помогне на жената и го замолила да престане да ја […]

Повеќе

Милошоски: Македонија не смее повторно да влегува во процес на уставни измени без јасни и цврсти гаранции дека ќе се зачува националниот идентитет

Антонио Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во централниот Дневник на Сител телевизија нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ останува на јасен став дека уставните измени не треба да се прават доколку тие ја водат државата кон нова неизвесност, без конкретни гаранции за остварување на полноправно членство во ЕУ. „По однос на тоа прашање ние сме […]

Повеќе

М-НАВ: Нема никакви потешкотии и проблеми во авиосообраќајот

Авиосообраќајот во државава се одвива без никакви потешкотии и никакви проблеми согласно меѓународни процедури за навигација,  информираа денеска од М-НАВ, АД во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација. М-НАВ посочува дека поединци со дневополитички дезинформации сакаат да постигнат цел за личен бенефит. – Ве известуваме дека информациите кои излегоа во […]

Повеќе

Загина 13-годишно момче од Черкези откако со електричен тротинет се судрил со автомобил

Малолетник на возраст од 13 години го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Куманово–Скопје, во атарот на селото Черкези. Според информациите од Министерството за надворешни работи, несреќата била пријавена на 28 мај околу 21:10 часот. Во неа учествувале патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.С. (24) […]

Повеќе