Русија: Вулканот Кључевској на Камчатка повторно се активира

Вулканот Кључевској на полуостровот Камчатка во Русија повторно еруптираше исфрлајќи облаци од чад и пепел, според сеизмичката станица Киришева, пренесува Анадолу. Станицата објави дека облакот од пепел се искачил до околу 8.000 метри надморска височина. Претходно, на 3 август, Руската академија на науките соопшти за ерупцијата на вулканот.

Повеќе

Трамп го поздрави „големиот напредок“ на средбата со Путин, но рече дека договор не е постигнат

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тој и неговиот руски колега, Владимир Путин, постигнале „голем напредок“ на историскиот состанок на Алјаска, но призна дека не постигнале договор за прекин на војната во Украина, јавува Анадолу. Трамп по самитот со Путин: Сега останува на Зеленски и европските лидери „да го завршат тоа“ Путин и Трамп изразија […]

Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче да одговорат, со кои пари Заев ја купил луксузната јахта чии трошоците за одржување се колку годишна функционерска плата

СДС има обврска да им одговори на граѓаните, кои за седум години власт ги осиромашија, како се стигнува до луксузна јахта вредна 850 илјади евра, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Како Заев, поранешен долгодишен градоначалник на Струмица и премиер, со чиновничка плата стигна до луксузна јахта на која пловат со Венко Филипче […]

Повеќе

Собранието не ги усвои измените на Изборниот законик за регулирање на процентот потписи за учество на независните кандидати на локалните избори

Собранието денеска во рамки на 66. седница не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик со кои требаше да се регулира колкав процент потписи од вкупниот број избирачи запишани во изводот на Избирачкиот список на изборната единица (ИЕ) треба да соберат независните кандидати за учество на локалните избори. Предлог измените и дополнувањата добија поддршка […]

Повеќе

Мицкоски: Во првото полугодие од годинава бројот на туристи во Македонија е поголем за 13,5 отсто споредено со истиот период минатата година

Во првото полугодие од 2025 година бројот на туристи во Македонија е поголем за  13,5 отсто споредено со истиот период 2024 година. Бројот на странските туристи е поголем за  19,7 отсто во 2025 година споредено со истиот период 2024 година. Бројот на домашните туристи е помал за  2,5 отсто споредено со истиот период 2024 година, […]

Повеќе

Николоски: Ги решаваме проблемите од минатото, со засилено темпо работиме на автопатот Охрид-Кичево

Со засилено темпо работиме на автопатот Охрид – Кичево, објави на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Забрзано се гради автопатот Охрид-Кичево. Ги решаваме проблемите од минатото, во функција е клучката што ги спојува Охрид и Струга, Македонија и Албанија, пишува министерот Николоски.

Повеќе

Целовечерен концерт на „Пијано трио“ на „Охридско лето“

Фестивалската програма на „Охридско лето“ вечерва продолжува со концерт на „Пијано трио“ што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. „Пијано трио“ е составено од тројца етаблирани музичари, Татијана Петрушевска- Караскаковска – прва обоа во оркестарот на НОБ, Марјан Милошевски – прв фагот во оркестарот на НОБ и професор по […]

Повеќе

Започна 37. издание на “Поетска ноќ во Велестово”

Со пригодна свеченост, вчеравечер во селото Велестово беше означен почетокот на  37 –то издание на интернационалната културна манифестација, “Поетска ноќ во Велестово”.  ‎Манифестацијата се реализира со поддршка на Општина Охрид , а на свеченото отворање поздравен говор имаше градоначалникот Кирил Пецаков. – Во денешниот свет на брзи зборови и мисли во кој доминираат технологијата, виртуелната реалност […]

Повеќе

Приведен гостиварец на „Ќафасан“ по потерница за тешки сообраќајни дела

На 15.08.2025 во 14 часот на граничниот премин „Ќафасан“, на македонско-албанската граница, при обид за излез од земјата, лишен од слобода е (62) од Гостивар. По извршени контроли, полициските службеници констатирале дека тој евидира со активна мерка „апси“ и дека има активна наредба од Основниот суд во Гостивар поради сторени кривични дела „тешки дела против […]

Повеќе

Приведен 22-годишник од Струга со марихуана пред ноќен клуб во Охрид

На 16.08.2025 во 01:30 часот, пред ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведен е (22) од Струга, кај кого при извршен преглед полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе