Русија: Вулканот Кључевској на Камчатка повторно се активира

Свет

Вулканот Кључевској на полуостровот Камчатка во Русија повторно еруптираше исфрлајќи облаци од чад и пепел, според сеизмичката станица Киришева, пренесува Анадолу.

Станицата објави дека облакот од пепел се искачил до околу 8.000 метри надморска височина.

Претходно, на 3 август, Руската академија на науките соопшти за ерупцијата на вулканот.

Please follow and like us: