Приведен гостиварец на „Ќафасан“ по потерница за тешки сообраќајни дела

Охрид Регион Црна хроника

На 15.08.2025 во 14 часот на граничниот премин „Ќафасан“, на македонско-албанската граница, при обид за излез од земјата, лишен од слобода е (62) од Гостивар. По извршени контроли, полициските службеници констатирале дека тој евидира со активна мерка „апси“ и дека има активна наредба од Основниот суд во Гостивар поради сторени кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 и „безобѕирно управување со моторно возило“, по член 297 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во казнено поправната установа „Затвор Гостивар“.

Please follow and like us: