Пожар зафатил паркирано БМВ со германски таблици на улицата „Андреја Јованоски“ во Охрид – нема повредени

На 28.06.2025 година во 16:53 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Андреја Јованоски“ во Охрид, настанал пожар во паркиран автомобил „бмв“ со германски национални ознаки, сопственост на лице од Охрид. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

Повеќе

18-годишен кумановец нападнат пред угостителски објект на „Партизанска“ улица

На 29.06.2025 година во 03.20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, пред угостителски објект лоциран на улицата „Партизанска“ во Охрид, едно лице физички го нападнало (18) од Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата

На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека лица од пловен објект кој бил во водите на Охридското езеро, на околу 2.5 километри од езерскиот брег наспроти авто кампот „Извиднички“, бараат помош. Полициски службеници со службен глисер веднаш се упатиле кон посочената локација, каде се забележани четири […]

Повеќе

Стотици лица во Њујорк возеа џет-ски по должината на реките Хадсон и Ист Риверс

 Ентузијастите за водни спортови се собраа на џет-ски настанот што се одржа во Њујорк, САД, известува Анадолу. Учесниците на настанот со своите џет-ски создадоа импресивни слики по должината на реките Ист Ривер и Хадсон додека во позадина се отсликуваше иконската силуета на Менхетен. Како дел од настанот, стотици возачи на џет-скии тргнаа од различни точки […]

Повеќе

Ослободен македонскиот возач на камион, кој беше уапсен за сообраќајна несреќа во Грција

Ослободен е македонскиот возач на камион, кој беше уапсен по сообраќајната несреќа што вчера се случи на стариот пат Солун – Верија во близина на Халкидона, во која загинаа две лица, јави дописничката на МИА од Атина. Камионот со кој управувал 34-годишниот македонски државјанин, вчера кусо по 16 часот се судрил со автомобил во кој […]

Повеќе

Отчет на министерката Јаневска: Образованието и науката го добиваат потребното внимание и стануваат клучни развојни ресуси на државата

Во изминатата една година остваривме голем дел од програмските определби и цели со што поставивме темели за изградба на квалитетен и конкурентен национален образовен систем кој ќе овозможи еднаквост, ефикасност, потребно знаење и вештини, синхронизираност со пазарот на трудот и генерално задоволство кај сите чинители на воспитно – образовниот процес. Фокус на Владата е и […]

Повеќе

Денес се празнува Свети Тихон, епископ Аматунтски

Чудотворец. По смртта на блажениот Мемнониј, Тихон беше едногласно избран за епископ на епархијата Аматунтска, а го посвети славниот Епифаниј. За овој чин го препорачаа неговиот чист живот и голема ревност за Православието. Во тоа време, сè уште имаше незнабошци на островот Кипар. Свети Тихон вложи апостолски труд за да ги обрати неверните во верни. […]

Повеќе

Колумна на Слободан ТОМИЌ: “Пописот не е пазар, тој е крвната слика на државата!”

Пишува: Слободан ТОМИЌ Пописот не е бројка за табела. Тој е огледало на реалноста, на вистината, на народот.  И како што докторот не смее да лаже кога го чита рендгенот на пациентот, така и државата не смее да се води според лажни бројки.  Затоа , електронскиот попис, што премиерот Христијан Мицкоски го најави уште како […]

Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: 250 милиони евра од централниот буџет за капитални инвестиции во сите општини

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во период од една година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбеди поддршка за општините за капитални проекти за подобрување на животот на граѓаните. За сите општини на територијата на државата. 250 милиони евра од централниот буџет за капитални инвестиции во сите општини. Од првиот јавен повик 288 одобрени проекти за општините од […]

Повеќе

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на партијата, Илија Николовски, ова е по желба на членството, односно околу 90% од истотот се изјаснило дека сакаат да бидат во коалиција со Власта. Ние како партија на пензионери бевме до […]

Повеќе