Колумна на Слободан ТОМИЌ: “Пописот не е пазар, тој е крвната слика на државата!”

Македонија Општо

Пишува: Слободан ТОМИЌ

Слободан ТОМИЌ

Пописот не е бројка за табела. Тој е огледало на реалноста, на вистината, на народот. 

И како што докторот не смее да лаже кога го чита рендгенот на пациентот, така и државата не смее да се води според лажни бројки. 

Затоа , електронскиот попис, што премиерот Христијан Мицкоски го најави уште како опозиционер, денес е клучната алатка за изградба на Македонија по мерка на вистината, а не на политичките пазари.

ЕЛЕКТРОНСКИ ПОПИС ВО 2026, НО СО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА ВЕДНАШ

Премиерот Христијан Мицкоски  на собраниската седница посветена на пратенички прашања јавно најави дека електронскиот попис ќе се спроведе идната година , но под услов веднаш да се прифати концептот на една изборна единица. 

Ова е системска понуда што го поништува етничкиот монопол и клиентелизмот што со години го изнудуваа т.н. бројки од фалсификувани пописи.

Во одговорот на пратеникот Халил Снопче од Алијансата за Албанците, Мицкоски потсети дека Уставниот суд веќе ги урна методолошките финти од 2021 година. 

Самиот директор на Заводот за статистика ги пречекорил надлежностите, делејќи резидентно и нерезидентно население без законска основа. 

Токму тоа довело до фалш-податоци што сега удираат по темелот на демократскиот процес , бројот на советници, на избирачи, на службеници.

Во примерот со Гостивар, бројката паднала од 85.000 на 59.000 резиденти , а и тие 59.000 содржат луѓе што воопшто не се изјасниле. 

Тоа е директен доказ за фалсификат и лажна слика врз која се градеше клиентелизмот.

ЗОШТО СЕ ПЛАШАТ ОД ЕЛЕКТРОНСКИОТ ПОПИС?

Поранешните властодршци и нивните мрежи на интерес се ужаснати , затоа што електронскиот попис не може да се намести. 

Не може некој од ВИП-сала во странство да биде прикажан како жител на Чаир. 

Не може братучедот од дијаспората да се попише како активен ученик во Шуто Оризари. 

Не може фантомот да стане директор, а реалниот Македонец , статистика. 

Затоа што електронскиот систем ги поврзува сите бази: МВР, УЈП, здравство, катастар, образование. И таму нема лаги.

2021 , НАЈГОЛЕМИОТ СТАТИСТИЧКИ ЗЛОСТОР ВРЗ МАКЕДОНИЈА

Тоа што Заев и Ахмети го нарекоа попис , беше политички договор. 

Фиктивни жители, фантомски адреси, службеници што од дома внесуваа „пописани“ по список. 

Дали некој веруваше дека во некоја општина живеат 30.000, кога се гледа со голо око дека ги нема ни 8.000? Тоа не беше грешка ,тоа беше национален фалсификат.

МАКЕДОНИЈА НЕ Е ДИВОГРАДБА , ТУКУ КУЌА СО КОРЕНИ И СОПСТВЕН РЕД

Кој ќе гради, каде ќе гради, кој ќе добие пари, училиште, болница, па дури и јазик , зависеше од тие лажни бројки. 

Македонија се претвори во дивоградба, каде што партиски архитекти цртаа планови на туѓа штета. 

Тоа мора да престане. 

Домот е за сите , ама по ред, со вистина, со проверка, а не по терк на клиентелизам и уцена.

ЕЛЕКТРОНСКИОТ ПОПИС , ПОЧЕТОКОТ НА ВИСТИНСКАТА ДРЖАВА

Премиерот Мицкоски го вети пописот како фундамент на новото управување. 

Не е тоа само проект ,туку револуција во системот. 

Како што рече: „Држава не се гради со лажни податоци, туку со вистина.“ И таа вистина ќе ја видиме за првпат без човечки фактор, без партиски влезници, туку со јасна технологија и податоци од сите релевантни институции.

КОЈ СЕ ПЛАШИ ОД РЕВИЗИЈА НА 2021?

Се плашат оние што изгубија секаква контрола кога вистината ќе излезе. Ќе се отвори Пандорината кутија: ќе се покаже како се крадел буџет, како се делеа тендери според етнички клучеви, како „попишаните“ водеа институции додека живееја во странство. 

Електронскиот попис е судир со системот на лагата.

 И тоа е најголемата победа за Македонија.

ЕЛЕКТРОНСКИОТ ПОПИС, СТАБИЛЕН ТЕМЕЛ НА ИДНИНАТА

Не можеш да градиш држава, ниту стратегија, ако не знаеш кој живее во таа држава. 

Колку деца има во некоја општина? Колку даночни обврзници? 

Колку невработени? 

Колку се вратени од странство? 

Без попис , сето ова се претпоставки. Со електронски попис , сето ова ќе биде вистина. И тоа е темелот на иднината.

МАКЕДОНИЈА НЕ Е ЗА УЦЕНА , ТУКУ ЗА СОЖИВОТ ВО ВИСТИНА

Кога некој ја уценува државата со бројки, со етнички блокади, со политички пазари ,тој не сака заедничка држава. 

Македонија не е заложник. Македонија е заеднички дом. 

Но, само ако сите ја сакаат како дом , не како трофеј.

ЌЕ ИМА ЛИ ОДГОВОРНОСТ ЗА ПОПИСОТ ОД 2021?

Мора да има! Ако некој свесно фалсификувал статистика, тоа е злостор против уставниот поредок. Како што за фалсификувана диплома се оди во затвор , така и за фалсификуван народ.

 Тоа е казниво, и ќе мора некој да одговара: службеници, координатори, политички наредбодавци. Без тоа , нема правда.

ФИНАЛЕ: ПОПИСОТ НЕ Е БРОЈКА , ТУКУ ДРЖАВНО ДОСТОИНСТВО

Ова не е проект за поени. 

Ова ,не е партиски маркетинг. 

Ова е тест за зрела држава. 

Дали сакаме вистина , или ќе живееме со лагата? 

Мицкоски се одлучи. 

Го вети. 

И сега го реализира.

 Пописот е алатот со кој ќе си ја видиме реалната слика , и ќе го видиме идентитетот. 

 Кога знаеш кој си, тогаш знаеш и каде одиш!

Please follow and like us: