Приведен сопственик на угостителски објект во Кичево поради непочитување на одлуката за седумдневна жалост

На 22.03.2025 во 23:55 часот, во угостителски објект во Кичево лишен е од слобода сопственикот (25). По претходна пријава дека во објектот има музика за време на прогласена седумдневна жалост, полициски службеници извршија контрола во објектот и констатираа дека Р.Р. не се придржува и не ја почитува одлуката на Владата за прогласена седумдневна жалост на […]

Повеќе

Пожар во зграда на ул. „Партизанска“ во Струга – оштетени повеќе станови, нема повредени

На 21.03.2025 во 16.05  часот, во ОВР Струга е пријавено дека, во колективна зграда лоцирана на улицата „Партизанска“ во Струга избувнал пожар кој оштетил повеќе станови. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга. Увид на местото извршија полициски екипи.

Повеќе

Сообраќајна несреќа на магистралниот пат Охрид – Подмољје: Повреден 51-годишен возач

Денеска (23.03.2025) во 00.20 часот, на магистралниот пат Охрид – село Подмољје, патничко возило „цитроен берлинго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од (51) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Повеќе

Приведен охриѓанец за попречување на полициска истрага по сообраќајна незгода

На 22.03.2025 во 15.35 часот, на улицата „Кленоец“ во Охрид, приведен е (46) од Охрид. Тој,  бил агресивен кон полициски службеници кои вршеле увид по случена сообраќајна незгода и се обидел да делува врз патничкиот автомобил кој бил учесник во незгодата. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

ФФМ ги донира приходите од билетите за натпреварот со Велс за жртвите од трагедијата во Кочани

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ најави дека средствата собрани од билетите за натпреварот Македонија-Велс ќе одат за настраданите во трагедијата во Кочани. -Сакам од срце да им честитам на нашите фудбалери за победата, карактерот и борбеноста. Ова е победа која ја заслужија – фудбалерите, стручниот штаб и нашите навивачи, кои уште […]

Повеќе

Крстопоклона недела трета недела од великиот пост

Во оваа трета недела од постот, празнуваме поклонување на чесниот и животворен крст од овие причини: бидејќи за време на четириесетдневниот пост на некој начин и ние се распнуваме, умртвувани од страстите, паѓајќи во униние имаме чувство на жалост, ни се предлага чесниот и животворен крст за да нè поткрепи и утврди и утеши, потсетувајќи […]

Повеќе

Како да им помогнеме на учениците во време на криза: Водич за наставници и воспитувачи

Овој текст содржи општи препораки за вработените во образовните институции за тоа како да разговараат со децата и младите во кризни и трауматични ситуации.Насоките вклучуваат стратегии за зголемување на сопствениот капацитет, како да се пристапи кон учениците, нивните реакции и чувства, како да се водат разговори за трауматски настани и како да се одговори на […]

Повеќе

Ден посветен на Светите четириесет маченици во Севастија

Сите овие беа војници во римската војска, но цврсто веруваа во Господ Иисус Христос. Кога настана гонење, во времето на Ликиниј, ги изведоа на суд пред војводата, а тој им се закани дека ќе им ја одземе војничката чест. На ова еден од нив, свети Кандид, одговори: „Не само војничката чест туку и телата земи […]

Повеќе

Кривична пријава поранешниот директор на ЈП „Колекторски систем“ Охрид: Вработил две лица иако знаел дека не ги исполнуваат условите

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.А.(53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против Л.А.(42) од Струга, В.А.(59) од струшкото село Радолишта, А.М.(55) од Струга, В.П.(49) од Охрид и Ј.Б.(49) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење […]

Повеќе