Конститутивна седница на новиот состав на Комисијата за помилување

Денеска во Кабинетот на Претседателот се одржа конститутивна седница на новиот состав на Комисијата за помилување, откако претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за составот и за именување претседател и членови на комисијата. За претседател на Комисијата за помилување е именувана д-р Милка Ристова, а за членови се именувани проф. д-р Оливер Бачановиќ, проф. д-р […]

Повеќе

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со комесарот за културни врски на Јапонија, Шуничи Токура

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими делегација од јапонската Влада, предводена од комесарот за културни врски на Јапонија, Шуничи Токура, чија работна посета се реализира во годината кога се одбележува 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји. На средбата, на која присуствуваше и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, соговорниците разменија мислења […]

Повеќе

Поради настанат дефект без вода ќе бидат корисниците во горната зона од населбите Видобишта, Црногорци, С.Велгошти, С.Лескоец и с.Лакочереј

Поради настанат дефект на водоводната мрежа (пукната е цевка со профил ф 450 мм), денес од 09:30 часот повеќе часа без вода ќе бидат корисниците во горната зона од населбите Видобишта, Црногорци, С.Велгошти, С.Лескоец и с.Лакочереј. Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.

Повеќе

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст

Патријарх Цариградски. Роден е во Антиохија, во 354 година, од татко Секунд, војвода, и мајка Антуса. Изучувајќи ја грчката философија, Јован се згнаси од грчкото незнабоштво и ја усвои христијанската вера како единствена и целосна вистина. Крштение прими од Мелетиј, патријархот Антиохиски, а потоа примија Крштение и неговите родители. По смртта на родителите се замонаши […]

Повеќе

Почина Владиката Дебарско кичевски Тимотеј

Дебарско кичевскиот Митрополит Тимотеј, починал денеска во болница, објави порталот „Религија“. Тимотеј изминатите неколку дена бил хоспитализиран поради сериозни проблеми со срцето. Неговото заминување е голема загуба за Македонската православна црква и за верниците, кои ќе го паметат како духовен лидер и посветен пастир.

Повеќе

Пецаков: Максимално сме посветени во обезбедување на услови за поквалитетно образование

Максимално сме посветени во обезбедување на услови за поквалитетно образование. Денеска го посетив ООУ „Христо Узунов“, каде што се извршија неколку инвестиции. За ова училиште Општина Охрид обезбеди 15 интерактивни табли и од општинскиот буџет се обезбедија средства за целосно реновирање на една училница. Дополнително во соработка со донатори се изврши доградба на нова училница […]

Повеќе

Денеска се празнува Свети Јован Милостив

Патријарх Александриски. Роден е на островот Кипар во кнежевско семејство. Воспитан од детството како вистински христијанин. На настојување од родителите се ожени и имаше деца. Но, по Божја Промисла се упокоија и децата и жена му. Прочуен заради милосрдието и благочестивоста, Јован беше избран за патријарх Александриски во времето на царот Ираклиј. Десет години управуваше […]

Повеќе

Пецаков: Максимално посветено се работи на автопатот од Охрид – Кичево, ќе се асфалтира и во зимски услови

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево продолжува со засилена динамика, при што градежните работи се одвиваат и во зимски услови, на ниски температури, како и дење и ноќе. Останува утврдениот рок целата делница да биде пуштена во употреба до крајот на 2026 година. Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, кој денеска изврши увид во градежните активности, […]

Повеќе

Донев: Без прекин се работи на изградбат на автопатот Охрид -Кичево

Без прекин се работи на изградба на автопатот Охрид – Кичево. За првпат се асфалтира и на минусни температури, а со ангажирањето на дополнителните 300 машини и 600 работници се очекува до почетокот на летната сезона да се стави во употреба автопатот од Охрид до Врбјани, пишива во својата објава пратеникот Сашо Донев.

Повеќе