Денес се празнуваат Светите маченици Аникита и Фотиј

Царот Диоклецијан еднаш го посети градот Никомидија со зла умисла да ги истреби наполно христијаните. Па кога почна бездушно да ги измачува, пред него застана свети Аникита, кој беше еден од градоначалниците, и смело ја исповеда пред царот својата вера во Господа Исуса Христа, Бог воплотен во тело заради нашето спасение. При ова, Аникита уште […]

Повеќе

Тројца битолчани приведени во Пештани по физички напад врз 42-годишен жител

На 23.08.2026 во 17:25 часот во охридското село Пештани, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа (25), (47) и (22), сите од Битола, постапувајќи по претходна пријава дека во истото село физички го нападнале (42), жител на селото. По целосно документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Повеќе

Удирал по бокс со кучиња, па физички ја нападнал сопственичката

На 23.08.2026 во 11:34 часот во СВР Охрид е пријавено дека, М.Ц. од Охрид, во дворно место на улица „Крсте Мисирков“ во Охрид, сопственост на (57), со дрвен предмет удирал по метален бокс каде таа ги чувала своите кучиња, по што физички ја нападнал. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Приведен 46-годишен скопјанец: Со остар предмет се заканувал и се обидел да нападне охриѓанец

На 23.08.2026 во 21:25 часот на паркинг простор во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода (46) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека со остар предмет се заканувал и се обидел да го нападне (30) од Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Прв уписен рок на УИНТ „Св. Апостол Павле“

Од 25 до 27 август 2026 година e првиот уписен рок за студенти во прва година на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид. На Универзитетот има 190 слободни места. Идните студенти може да изберат три или четиригодишни студии на факултетите за компјутерски науки и инженерство, комуникациски мрежи и безбедност, применети […]

Повеќе

Автпатот Кичево-Охрид полека се комплетира: Во октомври се очекува да биде ставен во функција патот од Извор до Врбјани

– Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е задоволен од реализацијата на патот Охрид – Кичево и очекува, како што изјави денеска, да се исполни ветувањето – во првиот квартал од 2027 година овој патен правец да биде целосно ставен во функција.  Според Николоски, во септември се очекува да биде најавена изградбата на автопатот […]

Повеќе

Судењето за „Лотарија“ ќе почне на седми септември

Случајот „Лотарија“ кој се чекаше со нетрпение поради второобвинетиот Артан Груби не започна. Судијката Дијана Шуплиновска Јовески го прифати предлогот на одбраната на обвинетите дека ќе им треба повеќе време да ги видат доказите и да ги разгледаат. Материјални докази пак има 231 како што најави обвинителот Даниел Коцев, плус сведоци за што ќе биде […]

Повеќе

Ново поскакување на горивата од полноќ

Со најновите цени кои ги објави Регулаторната Комисија за Енергетика горивата стануваат уште поскапи а дизелот достигна 101.50 денари за литар. Во согласност со методологијата за пресметка на цените, малопродажните цени се зголемуваат во просек за 2.62%. Бензините поскапуваат за 1.50 денари за литар. Еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 93.00 денари, додека еден литар ЕУРОСУПЕР-98 […]

Повеќе

Николовска: Владата инвестира денес, за граѓаните да имаат подобро здравство утре

Kога зборуваме за здравството, зборуваме за нешто што директно го засега секој граѓанин. Затоа определбата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е да изградиме здравствен систем кој ќе биде модерен, функционален и достапен за сите, изјави Александра Николовска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ. Николовска кажа: „Затекнавме здравство со сериозно запуштена инфраструктура, нефункционални установи, недоволна опрема и објекти во […]

Повеќе

Николоски: Владата прави сè што е во наша моќ да помогнеме на превозниците, склучуваме билатерални договори со земјите дел од Шенген зоната

Владата има целосно разбирање за македонските транспортери, преземаме активности за изнаоѓање решенија преку билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и потенцира дека Македонија наскоро ќе склучи нови договори со земји членки на Шенген зоната и на тој начин самостојно го решава проблемот. […]

Повеќе