Во Марибор се дискутира за иднината на Библиотеките и примената на COBISS системот

Култура Охрид Свет

Денеска и утре во Марибор, Словенија се одржува Меѓународната конференција COBISS 2026 .Во македонската делегација предводена од директорот на НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Јовица Никчевски е и директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Христина Трпеска.

Учесниците активно ќе ги следат неколкуте теми сврзани со новите предизвици и развојот и идната примена во библиотеките на COBISS.

Првата тема беше „Електронските материјали – важна алка во синџирот на знаењето“ а ќе следат: „Новини во софтверот на COBISS“, „Библиотеките во времето на ВИ и поддршка на науката“ и „Поглед кон иднината“ .

На  Конференцијата на која присуствуваат претставници на библиотеки од земјите од поранешна Југославија има и предавачи и учесници надвор од регионот.

Конференцијата се одвива  во хибриден формат (со физичко присуство и онлајн). Учеството е бесплатно, без разлика дали присуствувате лично или од далечина (преку ZООМ), a регистрацијата е задолжителна.

Please follow and like us: