Денес се празнува Светиот маченик Арета

Овој свет маченик пострада за Христовата вера заедно со уште над четири илјади христијани, свештеници, монаси и монахињи, мирјани, жени и деца. Арета беше управител на градот Негран, во земјата Омиритска (јужна Арабија) и имаше деведесет и пет години кога пострада. Со Омиритската земја тогаш владееше еден Евреин, Дунаан, свиреп гонител на христијаните. Решен наполно […]

Повеќе

Денес се празнува Свети апостол Јаков, брат Господов

Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. Кога праведниот Јосиф беше на умирање, па сакаше да Му остави еден дел и на Господ Исус, синот на Пресветата Дева Марија, сите браќа се спротивставија на ова, не сметајќи Го Исус за свој брат. Јаков многу Го љубеше […]

Повеќе

Денес се празнува Преподобен Иларион Велики

Како што розите растат на трнливо стебло така и овој прекрасен светител се роди од родители незнабожци, во селото Тавата близу Газа Палестинска. Родителите го дадоа на науки во Александрија, каде што како надарено момче брзо ја прими и светската ученост и духовната мудрост. Штом Го позна Христа и се крсти, посака целосно да Му […]

Повеќе

Денес се празнува Светиот великомаченик Артемиј

Овој славен светител беше родум од Египет и прв војвода на царот Константин Велики. Кога на царот Константин му се јави победоносниот крст, поверува во Господ Исус Христос и се крсти. Подоцна, во времето на царот Констанциј овој цар го испрати Артемиј во Елада за да ги пренесе моштите на свети Андреј од Патра и […]

Повеќе

Денес се празнува Преподобен Прохор Пчински

Бидејќи се молеше за тоа, Бог му го покажа местото на неговиот подвиг. Тоа место беше на брегот на реката Пчиња. Свети Прохор се подвизуваше таму до старост и до својата смрт. Само Едниот Бог знае за сите негови подвизи и искушенија што ги претрпе во текот на овој живот. Но според неговите мироточиви мошти […]

Повеќе

Денес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука

Роден е во Антиохија. Во младоста добро ја изучи грчката философија, медицината и иконописот. Во времето на делото на Господ Исус на земјата Свети Лука дојде во Ерусалим и таму Го виде Спасителот лице в лице, ја чу Неговата спасоносна наука и стана сведок на Неговите чудесни дела. Откако поверува во Господ, свети Лука беше […]

Повеќе

Денес се празнува Светиот маченик Лонгин

Божествениот евангелист Матеј опишувајќи го страдањето на Господ вели: „А стотникот и оние што заедно со него Го чуваа Исуса, откако го видоа земјотресот и сè друго што стана, се уплашија многу и говореа: „Навистина овој бил Син Божји“ (Матеј 27, 54). Тој стотник беше овој блажен Лонгин, којшто со уште двајца свои војници поверува […]

Повеќе

Денес се празнуваат Светите четириесет битолски преподобномаченици

Кога, според неиспитливото допуштение на Господа, Турците муслимани нападнаа на православните народи на Балканот, по поробувањето на Прилеп, дојдоа да го освојат градот Битола, во 1385 година. По четиримесечна опсада, кога успеаја во освојувањето, се оддадоа на секаков вид убивања, опустошувања, поробувања, насилство, колежи, пљачкање, разорување на домови и свештени храмови, а се зафатија и […]

Повеќе

Во Охрид промовиран романот „Наследство: За татковината“ од Јордан Коцевски

На 26 октомври 2026 година, во Охрид беше промовиран романот „Наследство: За татковината“ од Јордан Коцевски, последната книга од трилогијата „Наследство“. Романот ја следи борбата на Душан, еколошки активист кој се соочува со системот во Македонија во период од дваесет години. Паралелно со неговата приказна, Коцевски постепено ги открива мотивите на Организацијата за социјална благосостојба, […]

Повеќе