Денес се празнува Светиот апостол Симон Зилот

Еден од дванаесетте (големи) апостоли. Беше родум од Кана Галилејска. На свадба му дојде Господ Исус со мајка му и со учениците. Кога снема вино, Господ претвори вода во вино. Кога го виде ова, младоженецот ги остави домот, родителите и невестата, па тргна по Христа. Зилот значи Ревнител. А Симон е наречен ревнител заради неговата […]

Повеќе

Забранета за пиење водата од артерска чешма „Џамија“

Со решение на Агенцијата за храна и ветеринарство од 22 мај 2026 година , се забранува за пиење водата од артерска чешма „Џамија“на улица „Даме Груев“. Претходно преку ЈЗУ „Центар за јавно здравје – Охрид“, земена е вода за лабараториска анализа, при што е утврдено дека истата не е исправна за пиење. Please follow and […]

Повеќе

Денес се празнува пренос на моштите на свети Николај, Чудотворец Мирликиски

Во времето на царот Алексеј Комнен и патријархот Никола Граматик, во 1087 година телото на овој светител беше пренесено од Мира Ликиска во градот Бари во Италија. Тоа се случи заради нападите на муслиманите на Ликија. Светителот му се јави во сон на некој чесен свештеник во Бари и му заповеда неговите мошти да се […]

Повеќе

Денес се празнува Спомен на јавувањето на Чесниот Крст во Ерусалим

Во времето на царот Констанс, синот на свети Константин, кога беше патријарх Кирил Ерусалимски, во девет часот наутро, над Голгота се појави Чесниот Крст и се простираше до небото над Елеонската Гора. Тој Крст беше посветол од сонцето и поубав од најубавото виножито. Сиот народ, и верните и неверните, ги оставија своите работи и во […]

Повеќе

Денес се празнува Светиот праведен и многустрадален Јов

Јов беше потомок на Исав, внукот Авраамов и живееше во Арабија околу 2000 години пред Христа. Татко му е Зарет, а мајка – Восора, а неговото цело име беше Јовав. Беше човек чесен, богобојазлив и многу богат. Но, во седумдесет и деветтата година од неговиот живот Бог допушти тешки искушенија врз него преку сатаната, сè […]

Повеќе

Соопштение од Општина Охрид во врска со Проект за реконструкција на плоштад „Чинар“

Во рамки на проектот за реконструкција на плоштадот „Чинар“, Општина Охрид континуирано го следи текот и квалитетот на градежните активности преку стручен надзор ангажиран согласно законските процедури. При извршената контрола на терен, надзорниот орган, кој како независен и стручен субјект има обврска да ја следи изведбата согласно проектот, техничките стандарди и договорените услови, констатираше одредени […]

Повеќе

Денес се празнува Светата великомаченичка Ирина

Живееше во апостолските времиња на Балканот во некој град Магедон, каде што татко ѝ Ликиниј беше владетел. Некои мислат дека таа е Словенка. Родена како незнабошка од родители-незнабошци, Пенелопа (така ѝ беше името пред да се крсти) на христијанската вера се поучи од нејзиниот учител Апелијан. Светиот Тимотеј, ученикот на апостолот Павле, ја крсти заедно […]

Повеќе

Недела на слепиот, петта недела по пасха

Во овој ден го празнуваме чудото на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, што го направи над слепородениот. И ова чудо го направи со помош на вода, како и она со Самарјанката и со раслабениот. А се случи вака: Додека Господ разговараше со Јудеите и Себе се правеше рамен на Отецот, велејќи: Јас постојам […]

Повеќе

Денес се празнуваат Светите маченици Тимотеј и Мавра

Судбината на овие прекрасни маченици, женик и невеста, е чудна. Дваесет дена по венчавката беа изведени на суд заради верата во Христос пред Тиваидскиот намесник Аријан, во времето на царот Диоклецијан. Тимотеј беше чтец во црквата во неговиот роден крај. „Кој си ти?“, го праша намесникот. Тимотеј одговори: „Јас сум христијанин и чтец на Црквата […]

Повеќе

Пецаков: Нов асфалтен пат за Завој – уште еден реализиран капитален проект

Ветено – остварено. Асфалтиран патот за село Завој кој од магистралниот пат води до селото. Ја развиваме патната мрежа на целата територија на општина Охрид, бидејќи секое населено место заслужува модерни и безбедни патишта.​ Ги поврзуваме сите населени места и​го олеснуваме секојдневието на нашите сограѓани. Создаваме услови за локален економски и туристички развој.​ Продолжуваме со […]

Повеќе