Охриѓанец пријавен за незаконска градба на имот во државна сопственост

СВР Охрид поднесе кривична пријава против (55) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Тој, на имот во државна сопственост, во близина на течението на реката Грашница во Охрид, неовластено и спротивно на одредбите од Законот за градба, изградил објект за лични потреби. Please follow and like us:

Повеќе

Уапсен 23-годишник од Охрид – во возилото пронајдена марихуана

На 17.12.2025 во 20:00 часот, на паркинг простор од деловен објект во близина на Вевчани, полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта од слобода го лишија (23) од Охрид. При извршен преглед во неговото возило „југо“ со охридски регистарски ознаки, пронајдени и одземени се предмети со остатоци од марихуана.  По целосно документирање на […]

Повеќе

Лишен од слобода охриѓанец по агресивно однесување и оштетување апарати во казино

На 17.12.2025 година во 17:50 часот, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода (35) од Охрид и притоа, кај него пронајдоа и одзедоа две пластични шишиња со непозната течност.Тој претходно беше пријавен дека агресивно се однесувал кон вработени во казино на улица „Димитар Влахов“, им упатувал закани […]

Повеќе

Лишен од слобода измамник од охридско, измамил жена од струшко за сума од 8.000 евра

На 17.12.2025 во 11.40 часот во Струга, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга го лишија од слобода (40) од с.Горно Лакочереј, охридско. Тој се сомничи дека на 11.12.2025 измамил 77-годишна жена од струшко село за сума од 8.000 евра. Според пријавеното, на 11.12.2025 тој телефонски ја побарал жената, лажно се претставил и […]

Повеќе

Денес се празнува Светата великомаченичка Варвара

Таткото на оваа славна Христова следбеничка, којашто на млади години му се посвети на Христа, се викаше Диоскор и беше познат според положбата и богатството во градот Илиопол Египетски, а во верата беше незнабожец. Својата ќерка единица, мудра во умот и убава во ликот, Диоскор ја затвори во висока кула, ја опкружи со секакви удобности, […]

Повеќе

Денес се празнува Светиот пророк Софониј

Родум од гората Саварат, од племето Симеоново. Живееше и пророкуваше во 7 век пред Христа, за време на благочестивиот цар Јосија. Современик на Пророкот Јеремија. Имајќи голема смерност и чист ум воздигнат кон Бога, се удостои со проѕирање во иднината. Го прорече денот на гневот Божји; казната над Газа, Аскалон, Азот, Акарон, Ниневејија, Јерусалим, Египет. […]

Повеќе

„Охридско лето“ со новогодишен концерт како подарок за публиката

Виртуозниот пијанист Франческо Барбаџелата од Италија и моќниот шпански тенор со импресивна вокална моќ, Рамирез Дроз Реиналдо Елаис на 20. декември ќе одржат свечен новогодишен концерт што го организира НУ „Охридско лето“ . Концертот ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 20 часот. Пијанистот Франческо Барбаџелета е истакнат […]

Повеќе

Охриѓанец лишен од слобода поради управување возило под дејство на алкохол со 1,66 промили

На 14.12.2025 во 22:49 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода (48) од селото Лескоец, охридско. При сообраќајна  контрола на ул.„15 Корпус“ во Охрид сопрено е патничко возило „мерцедес“ со охридски  регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени […]

Повеќе

Физички напад врз 16-годишник во Охрид од припадници на навивачка група од Битола

На 14.12.2025 во 21:25 часот, пред продажен објект на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, повеќе лица припадници на навивачка група од Битола физички нападнале 16-годишник од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава. Please follow and like us:

Повеќе

Ракометарите на Охрид со убедлива победа од 29:25 над битолчани

Ракометарите на Охрид му го нанесоа вториот првенствен пораз на бранителот на титулата Еурофарм Пелистер, совладувајќи го со 29:25 во дербито на 17. коло од македонската Суперлига. Само четири дена по победата на пелистерци над лидерот Вардар во Битола стигна отрезнувањето во салата „Билјанини извори“, по кое составот на привремениот тренер Звонко Шундовски заостанува четири […]

Повеќе