Охрид домаќин на работилница за локална мобилизација и форум за Западен Балкан во рамки на проектот „RECIRCLE MED“

Претставници од јавниот сектор, академски и истражувачки институции, претставници на бизниси, туристички организации и други релевантни чинители од целиот регион беа дел од Локалната мобилизациска работилница и Форумот за Западен Балкан, кои во текот на изминатите два дена се одржуваа во Охрид. Настаните ги организираше Општина Охрид како дел од проектот „RECIRCLE MED“, имплементиран преку Европската […]

Повеќе

Познати добитниците на повелбата – Патрон на градот “Св. Климент Охридски“

НУ „Завод и Музеј“ Охрид, Јорданка Матова, „Силви Бенд“, Даниел Јовески и The Backdoor Band се годинешни добитници на Повелбата-Патрон на градот „Свети Климент Охридски“. Оваа одлука ја донесе Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Општина Охрид врз основа на Конкурсот за доделување Повелба – Патрон на градот „Св.Климент […]

Повеќе

Денес се празнуваат Светите апостоли Архип, Филимон и Апфија

Архип беше еден од Седумдесетте. Апостолот Павле го спомнува во Посланието до Колосјаните и во Посланието до Филимон, нарекувајќи го другар во војувањето. Во градот Колоси центар на христијанството беше куќата на Филимон. Овде христијаните се собираа на молитва. Ова го спомнува свети Павле пишувајќи му на Филимон: „Твојата домашна црква“. Во тоа време апостолите […]

Повеќе

‎Познатиот охридски новинар, публицист и хроничар Владимир Ангеличин – Жура постхумно е добитник на највисоката општинска награда „Св. Климент Охридски – Патрон на градот Охрид“.

Одлуката е донесена едногласно од петчлената комисија во состав: Перчо Божиновски – претседател, и членовите Горан Стојаноски, проф. д-р Татјана Димоска, Славе Ѓорѓо – Димоски и Горан Патчев. Владимир Ангеличин – Жура (1946–2025) остави длабок траг во охридската новинарска и културна историја. Во својата богата кариера бил уредник на Радио Охрид (1961–1975), а подоцна и […]

Повеќе

Известување за данок на имот

Општина Охрид, врз основа на Законот за даноците на имот и донесените општински одлуки, ги известува сите физички и правни лица кои поседуваат недвижен имот на територијата на општината кај кои е утврдено постоење на неподмирени обврски за данок на имот заклучно со 2025 година, дека се должни во најкус можен рок да ги подмират своите долгови. (линк) Непостапувањето ќе резултира […]

Повеќе

Денес се празнува Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста

Кога Пресвета Дева Марија наполни три години од раѓањето, нејзините свети родители Јоаким и Ана ја доведоа од Назарет во Јерусалим, за да ја предадат, според своето ветување, на служба на Бога. Од Назарет до Јерусалим има три дена пат, но одеа на богоугодно дело и патот не им беше тежок. Се собраа и мнозина […]

Повеќе

ПРОМОВИРАНО ВТОРОТО ИЗДАНИЕ НА „ОХРИДСКАТА АРХЕОЛОШКА АЗБУКА“

Во рамки на програмата посветена на Св. Климент – Патрон на градот Охрид, денеска во големата сала на Општина Охрид беше промовирано второто издание на „Охридската Археолошка азбука“ од авторите проф. д-р Антонио Јакимовски, д-р Елизабета Томевска- Илиевска, м-р Маја Јаневска и м-р Иван Малезанов.  Книгата е наменета за третоодделенците од охридските основни училишта  за […]

Повеќе

НАЈАВА ЗА ГОЛЕМИОТ 3×3 БАСКЕТ ТУРНИР – ОХРИД

Недела | 07.12.2025 Дојде времето за долгоочекуваниот кошаркарски спектакл! Оваа недела ќе се одржи големиот 3×3 баскет турнир, исполнет со адреналин, забава и вистинска спортска магија. Старт на турнирот е од 15:00 часот. Први на терен излегуваат нашите најмлади кошаркари во ревијален дел, поделени во три категории: М12, М14 и М16. Нивниот ентузијазам и борбеност ќе […]

Повеќе

Промоција на книгата „НУ Библиотека ’ Григор Прличев‘ вчера, денес и утре“ од Милчо Јованоски

Деновиве Охрид богато и со низа настани ќе го одбележи 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски – Патронот на градот. Во рамките на општинската програма „Деца сме на Климента“ утре – четврток , 4 декември од 11 часот во големата сала на Општина Охрид ќе биде промовирана книгата „НУ Библиотека ‘ Григор Прличев‘ […]

Повеќе

Денес се празнува Преподобен Григориј Декаполит

Роден е во Декапол Исавриски, од Сергиј и Марија, родители угледни и благочестиви. Кога заврши училиште родителите сакаа да го oженат, но тој побегна во пустина и се замонаши. Живееше по разни места: во Византија, во Рим, на Олимписката Гора. Каде и да одеше секаде ги восхитуваше луѓето со своите подвизи и чуда. Се случуваше […]

Повеќе