Денес без вода корисниците од стариот дел на градот

Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 08:40 до 13:00 часот без вода ќе бидат корисниците од стариот дел на градот. Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата. Please follow and like us:

Повеќе

Ј.П. „Билјанини Извори“ продолжува со вложувања во унапредување и модернизација на опремата за одржување на тревнатите спортски терени

Ј.П. „Билјанини Извори“ продолжува со вложувања во унапредување и модернизација на опремата за одржување на тревнатите спортски терени. Со цел обезбедување на квалитетна грижа за тревнатите површини, реализирана е набавка на нов трактор LOVOL 404 со натрешница и специјални турф гуми за трева, кој поседува погон на сите тркала. На овој начин значително се намалува […]

Повеќе

Денес се празнува Светиот маченик Иполит

Беше воен началник и надзорник на затворот во Рим, роден и воспитан како незнабожец. Кога беше фрлен во затвор архиѓаконот свети Лаврентиј, на Иполит му беше наредено од царот особено да го варди овој затвореник. Иполит виде со свои очи кога Лаврентиј му го врати видот на слепиот Лукилиј и како исцели мнозина други болни, […]

Повеќе

Организиран превоз за Скребатно по повод Успение на Пресвета Богородица

По повод големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица на 28.08.2025 г. (четврток) Општина Охрид организира бесплатен превоз до с. Скребатно каде се одржува традиционалниот празничен собир. Тргнувањето е во 09:00ч. од автобуската постојка кај пекарата „Мартина“ на булевар „Туристичка“ и од сред село во Лескоец. Превозот ќе го врши компанијата „Бале турс“. Please follow and like […]

Повеќе

Словенечки уметници настапија на завршната вечер од „Охрид Џез Фестивал“

Со исклучителен концерт на уметниците од Словенија, Томи Пуриќ & Balkan Jazz Group, вчеравечер во предворјето на црквата „Света Софија“, заврши третото издание на „Охрид Џез Фестивал“. Многубројната публика уживаше во уникатни џез изведби на класични и комерцијални музички композиции. Посебен белег на финалниот концерт оставија гостите, Ѓоко Алоски на труба и Наум Џуклески на […]

Повеќе

Денес се празнуваат Светите маченици Аникита и Фотиј

Царот Диоклецијан еднаш го посети градот Никомидија со зла умисла да ги истреби наполно христијаните. Па кога почна бездушно да ги измачува, пред него застана свети Аникита, кој беше еден од градоначалниците, и смело ја исповеда пред царот својата вера во Господа Исуса Христа, Бог воплотен во тело заради нашето спасение. При ова, Аникита уште […]

Повеќе

Пецаков: „Четири години посветеност, работа и развој – Заедно градиме посилен и поубав Охрид“

Почитувани сограѓани, Отчетот кон Вас не е само збир на бројки и проекти, туку е одраз на заедничката работа, посветеност и напредок што го постигнавме во изминатите четири години. Секоја страница сведочи за исполнетите ветувања и зацртаната визија за подобар живот во нашата општина. Горд сум на секое реализирано дело – од изградбата и реконструкцијата […]

Повеќе

Денес се празнува Светиот маченик Евпл

Ѓакон во Катана Сицилиска. Царот Диоклецијан испрати во Сицилија некој војвода Пентагур за да ги уништи христијаните, зашто оние малку што ги имаше се криеја од гонителите и не се објавуваа себеси. Тогаш некој го обвини свети Евпл дека оди со некоја книга кај некои потајни христијани и им ја чита таа книга. Книгата беше […]

Повеќе

Започна третото издание на „Охрид Џез Фестивал“

Со етно-џез концерт на „Чалгија Саунд Систем“, вчеравечер во предворјето на црквата „Света Софија“ започна третото издание на „Охрид џез фестивал“ кој се организира под покровителство на Општина Охрид. На свеченото отворање на фестивалот пред присутните се обрати Претседателот ја Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски. –Драги љубители на музиката, Вечерва, Охрид дише поинаку. Дише со […]

Повеќе

Денес се празнуваат Светите маченици: архиѓаконот Лаврентиј, папата Сикст и другите со нив

Кога загина папата Стефан (15 август), на негово место беше поставен свети Сикст, кој беше роден како атињанин и најпрво беше философ, а потоа го прими христијанството. Во тоа време римските епископи гинеа еден по друг, така што да се стане епископ во Рим значеше да се биде предаден на смрт. Царот Декиј беше решен […]

Повеќе