Пронајдена марихуана кај стружанка во Охрид

На 21.11.2024 во 14.50 часот во Охрид, на булеварот „Туристичка“, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ја приведоа  (30) годишната жена  од Струга затоа што кај неа била пронајдена марихуана. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава. Please follow and like us:

Повеќе

Црногорскиот амбасадор Миљаниќ во посета на општина Охрид

Новоименуваниот амбасадор на  Црна Гора во Република Македонија,  Н. Е. Зоран Миљаниќ во придружба на црногорскиот конзул   Миодраг Андријашевиќ, денеска  беше во прва официјална посета на Општина Охрид. На средбата со градоначалникот  Кирил Пецаков се разговараше за зајакнување на економската соработка на  Охрид со збратимените градови Будва и Котор, а се разгледуваа и можностите за […]

Повеќе

Охридската библиотека добитник на награда за нај издавач на книги од домашни автори за 2024 година

Во конкуренција од над 20 библиотеки од земјава  организаторите на Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“ од Македонска Каменица одлучија наградата за нај издавач за 2024 година за издавање на книги од домашни автори да и припадне на нашата  Националната установа Библиотека „Григор Прличев“.  Јаков од Камена Река бил македонски свештеник и писател кој живеел […]

Повеќе

Лице од Охрид го нарушл јавниот ред и мир во основно училиште во Охрид

На 18.11.2024 во 08.57 часот во СВР Охрид е пријавено дека, во едно основно училиште во Охрид, лице од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување кон еден наставник од училиштето. По целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава. Please follow and like us:

Повеќе

Неделен преглед на теренски активности на ЈП ” Водовод”

Неделен преглед на теренски активности (11.11 – 17.11.2024).Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 11ти до 17ти Ноември, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. Отстранети се дефекти на следните локации: – „Васил Стефоски“ (2 дефекти)– „Прилепска“– […]

Повеќе

Награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба

По повод 8-ми Декември – Св.Климент Охридски – Патрон на градот, Општина Охрид распишува: НАГРАДЕН УЧЕНИЧКИ ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ПОЕТСКА ТВОРБАТемата на Конкурсот треба да се однесува на Охрид и животот и дејноста на Свети Климент Охридски По овој Конкурс, Општина Охрид ќе додели три први награди за најдобра поетска творба во три различни […]

Повеќе

Награди за младите физичари од охридската Гимназија

На ден 14.11.2024 година во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа натпреварoт во експерименти, демонстрации, модели и симулации, во склоп на 46 Школа „Млади физичари“, ПМФ Скопје, 2024 На овој настан учениците од охридската Гимназија ги освоија следните награди: Категорија ученици од трета година: Горазд  Тримчев и Дарио Павлески-втора награда под менторство на […]

Повеќе

Оперативните служби на ЈП ‘Охридски Комуналец’ започнаа со подготовките за брза интервенција во зимски услови

На повеќе пунктови во У.З.„Стар Град” депонирани се вреќи со сол и ризла; Овој дел од градот е од највисока категорија по приоритет за интервенција заради специфичноста на теренот, тесни и стрмни улици и сокачиња; На овој начин, во услови на снег и голомразица, ќе се овозможи непречено движење на граѓаните и возилата во стариот […]

Повеќе

Конкурс за упис на студенти на втор циклус студии на Универзитетот „Свети Апостол Павле“ Охрид за академската 2024/2025 година

Започнете ја вашата патека кон успешна кариера во технологијата со запишување на втор циклус студии на реномираниот Универзитет за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид. УНИТ Охрид нуди уникатна можност за специјализација и усовршување во неколку стратешки насоки, вклучувајќи информатички науки, мрежна безбедност, роботика, и дигитална бизнис аналитика. Придружете се на едно […]

Повеќе

Паркови и зеленило на терен со редовни и вонредни активности во есенскиот период

Паркови и зеленило на терен со редовни и вонредни активности во есенскиот период. Косење на ниска вегетација вдолж ул.,, Булевар Туристичка” и чистење на обраснато зеленило во Стар Град, припремени активности за засадување на цветни леи со есенско-зимска реколта и уредување на форми од декоративни садници во парковските површини. Секојдневно собирање на сувите лисја во […]

Повеќе