Денес се празнува Светиот свештеномаченик Антим

Роден е во Никомидија и од детството воспитан како вистински христијанин. Телото му беше умртвено, духот смирен, зависта искоренета, гневот скротен, мрзливоста протерана, имаше љубов кон сите, мир со сите, благоразумност во сè, ревност кон славата Божја, јавна за сите. Не е чудо што човек со такви добродетели беше поставен за епископ. Свети Антим епископствуваше […]

Повеќе

Во „Св. Еразмо“ Охрид првпат се изведени роботски навигирани операции на колено

За првпат во ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ Охрид се изведени три роботски навигирани операции за поставување тотална ендопротеза на колено. Операциите ги изведе комбиниран медицински тим предводен од проф. д-р Константинос Макридис од Грција, со учество на ортопедскиот тим на болницата. Ми претставува особено задоволство да ја информирам јавноста дека […]

Повеќе

ГАК ги отфрли обвинувањата на пациентката од Охрид: „Постапено е согласно протокол“

Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) ги отфрли обвинувањата изнесени во јавноста од страна на пациентка од Охрид, соопштувајќи дека случајот бил разгледан од Комисијата за квалитет и било констатирано дека било постапено согласно протокол. Од Клиниката наведуваат дека постојат и пишани докази за постапувањето со пациентката, вклучувајќи ги извршените прегледи и дадената терапија. […]

Повеќе

Висока делегација од Израел во посета на Општина Охрид

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска прими Висока делегација од Министерството за регионална соработка на Израел којашто е во неколкудневна официјална посета на државава. На средбата двете страни разменија мислења за зајакнување на  соработката меѓу институциите, универзитетите и бизнисите од двете земји , со посебен фокус на иновации, претприемништво и технолошки развој. Градоначалникот Пецаков ги информира гостите […]

Повеќе

Кривична пријава за охриѓанец и правен субјект: На малолетници им точеле алкохол на плажа во Пештани

СВР Охрид поднесе кривична пријава против (31) од Охрид и негов правен субјект со седиште во охридското село Пештани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалаци на дете“ по член 204 од Кривичниот законик. При контроли извршени на 29.08.2026 на плажа со која стопанисувале пријавените, било констатирано дека на четири […]

Повеќе

Албански државјанин со 1,75 промили удрил во бетонска ограда на булевар „Туристичка“ во Охрид

На 15.09.2026 во 01:35 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Ј.Ј.(30) од Република Албанија. Претходно, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, удрил во заштитната бетонска ограда помеѓу двете коловозни ленти, а при извршено алкотестирање, полициските службеници, кај него утврдиле 1,75 промили алкохол во крвта, […]

Повеќе

СВР Охрид: Утре вежбовно гаѓање со боева муниција на стрелиштето „Бејбунар“

СВР Охрид ја известува јавноста дека, полициски службеници од редовниот состав при Секторот за внатрешни работи Охрид, утре 16.09. 2026 година, со почеток од 08 часот, на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе спроведат вежбовно гаѓање со боева муниција.Пред почетокот на вежбовните активности, ќе бидат преземени соодветни безбедносни активности со теренска обиколка и обезбедување на поширокото […]

Повеќе

Денес се празнува Светиот маченик Мамант

Родум од Пафлагонија, од Теодот и Руфина, прочуени христијани. Неговите родители беа фрлени во затвор заради Христовото име. Во затворот прво умре татко му, а потоа мајка му, откако го роди, и самата се упокои. Така, значи, остана младенецот во затворот меѓу мртвите тела на своите родители. Но, Промислителот Бог го испрати Својот Ангел кај […]

Повеќе

Боледувањето од матичен се намалува на пет дена – контролор ќе ви ѕвони на врата додека сте на боледување

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински, денеска најави построги контроли на боледувањата нагласувајќи дека до Управниот одбор ќе биде предложена предлог-измена на Правилникот за боледување, со цел да се осигура дека средствата што ги исплаќаат стигнуваат до оние на кои им се најпотребни, како и за да се зајакнат механизмите што ќе овозможат […]

Повеќе

Втор уписен рок на УИНТ „Св. Апостол Павле“

На 15 и 16 септември 2026 година е вториот уписен рок за студенти во прва година на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид. За вториот уписен рок на Универзитетот има 129 слободни места. Идните студенти можат да изберат тригодишни или четиригодишни студии од областа на компјутерските науки и инженерството, комуникациските […]

Повеќе