На 01.02.2025 година во 21.33 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека кај „Осломејшка раскрсница“ кај Кичево, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничките моторни возила „Фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки што го управувала Е.А.(36) од кичевското село Зајас и „Ауди“ со охридски регистарски ознаки,управувано од А.Н.(39) од Охрид. Тој, како и сопатничката во второто возило Д.Р.Т.(66) од Охрид, се здобиле со тешки телесни повреди и се префрлени на Ургентниот центар во Скопје додека вториот сопатник во второто возило, С.Т.(65) од Охрид, се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево. Кај Е.А. која го управувала првото возило, во Општата болница во Кичево биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.
Тешка сообраќајна несреќа кај Осломејска раскрсница – двајца тешко повредени префрлени во Скопје
Please follow and like us:

