На 02.02.2025 година во 03:30 часот, на улицата „Егејска“ во Охрид, лишен од слобода е (42) од охридското село Долно Лакочереј кој претходно, на улицата „Железничка“ управувајќи џип со охридски регистарски ознаки, не застанал и избегал од полициската патрола која се обидела да го сопре возилото. Набргу, по преземени мерки, тој бил сопрен на улицата „Егејска“ при што било констатирано дека тој, моторното возило го управувал под дејство на алкохол поради што е исклучен од сообраќај и ќе му биде поднесена соодветна пријава.
Please follow and like us:

