СВР Охрид поднесе кривична пријава против (67) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ по член.353 од Кривичниот законик како и против правен субјект-Друштво за градежништво и трговија од Кавадарци, негова сопственост. Пријавениот, во својство на надзорен орган составил и потпишал технички извештај и ставил во употреба хотелски комплекс изграден во Охрид, лоциран на катастарска парцела „Елшани“. Тоа го сторил иако знаел дека хотелот е изграден спротивно на издадено одобрение и има изведени нелегални градби на хотелски комплекс.
Please follow and like us:

