Нова потенцијална инвестиција на холандската компанија Тујнкамер во Македонија

Македонија

Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ), Гоце Димовски денес оствари средба со претставници на холандската компанија Тујнкамер, која има сериозен интерес да го прошири своето производство преку нова инвестиција за производство на монтажни куќи, наменети за извоз на европскиот пазар.

На средбата се разговараше за инвестициските можности во рамки на технолошките индустриски развојни зони, достапната инфраструктура и условите и постапките за реализација на потенцијалната инвестиција.

Директорот Димовски се осврна на конкретните можности кои ги нудат зоните, со акцент на расположливите парцели и инфраструктурната опременост во однос на потребите на планираното производство. Притоа, истакна дека Дирекцијата стои на располагање при обезбедување детални информации за локациите, насоки за постапките за инвестирање и координација со надлежните институции во натамошната разработка на инвестицискиот проект.

Претставниците на компанијата ги презентираа своите намери за проширување на производството, како и потребите поврзани со изборот на соодветна локација и производствен објект. Тие истакнаа дека дека Тујнкамер е холандска компанија специјализирана за проектирање и изведба на објекти по мерка, меѓу кои градинарски куќи, викендички, објекти за сместување гости и канцелариски простори во домашни дворови. Нејзината понуда вклучува и префабрикувани модели, а процесот на реализација опфаќа дизајн, подготовка на елементите во сопствена работилница и монтажа на локацијата на клиентот.

Инаку, компанијата веќе има основано друштво во Македонија, Тујнкамер ДООЕЛ Скопје, преку кое се разгледуваат можностите за воспоставување производствен капацитет во земјата.

Реализацијата на потенцијалната инвестиција би придонела за создавање додадена вредност за националната економија преку производство на готови производи за извоз, со можности за отворање нови работни места и вклучување домашни компании во синџирот на снабдување.

Please follow and like us: