Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ – Охрид организира трибина против насилството врз жените

Охрид

Под мотото „Сплотени дејствуваме – одлучни против насилството“, Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ – Охрид организира настан во рамки на меѓународната кампања „16 дена активизам против насилството врз жените“.

Настанот ќе се одржи на 28 ноември 2026 година (сабота), со почеток во 20:00 часот, во хотел „Метропол“ во Охрид.

Целта на настанот е подигнување на јавната свест, зајакнување на институционалната одговорност и поттикнување заедничко дејствување во борбата против сите форми на насилство врз жените.

На настанот со свои стручни согледувања ќе учествуваат:

  • Катерина Котеска – адвокат;
  • Виолета Георгиевска – лиценциран психолог и системски семеен психотерапевт;
  • Изабела Николовска – психобиолог и когнитивен психолог, магистер по правна и криминална психологија.

Преку отворен дијалог и стручни дискусии, ќе биде истакната важноста на навремената реакција, превенцијата, поддршката и солидарноста во справувањето со насилството.

„Само со заедничко дејствување можеме да изградиме општество во кое насилството нема место“, порачуваат од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ – Охрид.

Организаторите упатуваат повик за заедничко дејствување и преземање одговорност во создавањето побезбедно и похумано општество.

Please follow and like us: