Пожар избувна вечерва во Охрид, во близина на последните станбени згради, на излезот од градот, во населбата Даљан.
Според првичните неофицијални информации, во пожарот има и повредено лице.
Екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид се на терен и интервенираат во гаснењето на пожарот.
Засега не се познати причините за избувнувањето на пожарот, ниту размерите на материјалната штета.
Please follow and like us:

