Поради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што денес и утре ќе се одржи во Охрид, од денеска во Охрид и Струга, на сила се засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај.
Станува збор за активности насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците, објектите и локациите опфатени со протоколот за посета. Полициските станици за безбедност во патниот сообраќај во Охрид и Струга, на трасите предвидени за движење на возилата под придружба, интензивно спроведуваат мерки за сообраќајно обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот во двата града, особено по булеварот „Туристичка“ во Охрид, на дел од автопатот Охрид-Кичево, во централното градско подрачје во Струга, по регионалниот пат Струга Струга-Дебар, како и по други улици и сообраќајници каде што нема да биде дозволено запирање и паркирање моторни возила.
Тука, предвидени се краткотрајни застои во сообраќајот кои ќе трааат до поминување на возилата со кои се превезуваат учесниците на средбата. Со цел безбедно и непречено одвивање на предвидените активности на терен, СВР Охрид навремено воспостави контакти и координација со службите на локалната самоуправа, со правните субјекти задолжени за одржување на патиштата и улиците, со Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици во општините Охрид и Струга, јавните претпријатија и други релевантни институции.
Апелираме до граѓаните-возачи на патнички и други моторни возила, да ги почитуваат насоките на полициските службеници на терен, со цел непречено одвивање на сообраќајот и безбедноста на сите учесници а своите возила, да ги користат само во неопходни случаи во периодот на спроведување на мерките.

