Сите забрани се укинати, сообраќајот се одвива непречено, обилниот снег расчистен во рекордно време

Македонија

Патните правци во државата се проодни во целост и сите забрани се укинати, информира ЈП „Македонија пат“.

Дежурните екипи на „Македонија пат“, посочуваат, остануваат на терен и продолжуваат да ја следат состојбата со посебен акцент на повисоките планински места.

Апелираат до сите возачи да возат внимателно и да поседуваат зимска опрема и да ја прилагодуваат брзината согласно условите.

Please follow and like us: