ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува симнувањето и сквернавењето на македонското знаме во Гостивар, се наведува во соопштението на владејачката партија.
Македонското знаме е државен симбол и секое негово непочитување треба да биде веднаш санкционирано, наведуваат од ВМРО-ДПМНE.
„Ваквиот однос на поединци во општеството создава поделби, а не сплотување.
Ги повикуваме надлежните институции веднаш да постапат и да ги идентификуваат сторителите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Please follow and like us:

