ВМРО-ДПМНЕ со кадровски решенија за претседатели на ОК, Валентин Манасиевски избран за портпарол на партијата

ВМРО-ДПМНЕ синоќа одржа Извршен комитет на кој беа донесени повеќе кадровски решенија за претседатели на општинските комитети на партијата. За нов портпарол на партијата избран е Валентин Манасиевски. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека дел од претседателите на општинските комитети се нови лица кои ќе внесат свежина во местата од каде доаѓаат, а останатиот дел се актуелни […]

Повеќе

Соопштение од Општина Охрид во врска со Проект за реконструкција на плоштад „Чинар“

Во рамки на проектот за реконструкција на плоштадот „Чинар“, Општина Охрид континуирано го следи текот и квалитетот на градежните активности преку стручен надзор ангажиран согласно законските процедури. При извршената контрола на терен, надзорниот орган, кој како независен и стручен субјект има обврска да ја следи изведбата согласно проектот, техничките стандарди и договорените услови, констатираше одредени […]

Повеќе

Пијан возач тешко повреден откако излетал од патот во Охрид

На 18.05.2026 во 05:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„7 Ноември“ во Охрид, патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од (22) од Охрид, изгубило контрола и излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ Охрид. При извршени проверки, било констатирано […]

Повеќе

Обезбедувач тешко повреден при интервенција по тепачка во хотел во Пештани

На 17.05.2026 во 17:45 часот во СВР Охрид, (40) с.Врбјани, охридско, вработен како обезбедување во хотел во с.Пештани, при интервенција за нарушен јавен ред и мир бил физички нападнат од едно лице, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ Охрид. Претходно, во период од 01:15 до 02:00 часот, […]

Повеќе

Колумна на Слободан ТОМИЌ – Од ‘Вистината’ до ‘Фронтот’: Кога долгот се дуплира, а народот ја враќа државата

Пишува: Слободан ТОМИЌ „Најопасни не се оние што грешат, туку оние што по грешката се претставуваат како спасители.“ (Конфучие) Ќе бидам директен, не затоа што е лесно, туку затоа што е неопходно. Ова не е време за реторика, туку за вистина. Не за навреди, туку за факти. Не за магла, туку за одговорност. Она што […]

Повеќе

Денес се празнува Светата великомаченичка Ирина

Живееше во апостолските времиња на Балканот во некој град Магедон, каде што татко ѝ Ликиниј беше владетел. Некои мислат дека таа е Словенка. Родена како незнабошка од родители-незнабошци, Пенелопа (така ѝ беше името пред да се крсти) на христијанската вера се поучи од нејзиниот учител Апелијан. Светиот Тимотеј, ученикот на апостолот Павле, ја крсти заедно […]

Повеќе

Милошоски: Дали Коларевиќ поради свои интереси и насоки од Абази, кои доѓаат од Ахмети, Заев и Филипче, ја сопре постапката за случајот „Мазут” вреден 167 милиони евра?

Денес ќе изнесеме два податоци кои упатуваат на блискоста на обвинителката Коларевиќ, со моминско презиме Маркова, со партиите СДС и ДУИ. Таткото на Коларевиќ, Павле Марков, е избран за државен правобранител од владата на СДС во 1998 г. Мајката на обвинителката Колеревиќ, Вера Маркова, во 2004 од коалицијата СДС и ДУИ е избрана за уставен […]

Повеќе

Мицкоски за ребалансот на Буџетот: Се уште траат консултациите помеѓу Министерството за финансии и ресорите

Се уште траат консултациите за ребалансот на Буџетот за 2026 година, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој беше на пуштање во употреба на пазар во Виница. -Го работиме. Се уште траат консултациите помеѓу Министерството за финансии и ресорите. Тешки се времињата. Гледате што се случува во светот. Имајќи предвид каква е состојбата во другите држави […]

Повеќе

Мицкоски најави експресен пат Кочани–Виница–Делчево: Почнува подготовка на проектот

Премиерот Христијан Мицкоски најави почеток на активности за реализација на нов инфраструктурен проект – експресниот пат Кочани–Виница–Делчево, кој, како што рече, со години бил ветуван, а сега влегува во фаза на подготовка преку изработка на физибилити студија и предпроектно решение. „Ја користам оваа прилика да најавам уште еден значаен проект, тоа е експресниот пат Кочани-Виница-Делчево. […]

Повеќе