Обезбедувач тешко повреден при интервенција по тепачка во хотел во Пештани

Охрид Црна хроника

На 17.05.2026 во 17:45 часот во СВР Охрид, (40) с.Врбјани, охридско, вработен како обезбедување во хотел во с.Пештани, при интервенција за нарушен јавен ред и мир бил физички нападнат од едно лице, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во

Специјалната болница „Свети Еразмо“ Охрид. Претходно, во период од 01:15 до 02:00 часот, полициски службеници ги привеле Д.Ч.(21), М.С.(20), М.Б.(20) од Србија и Б.В.(21) од Босна и Херцеговина, затоа што во хотелот го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. Се преземаат мерки за целосно документирање на случајот.

Please follow and like us: