Пецаков: Првата година од вториот мандат ја одбележавме со нови капитални инвестиции и развој за Охрид

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, направи пресек на првата година од својот втор мандат, посочувајќи дека периодот бил одбележан со континуитет во работата, завршување на започнатите проекти и реализација на нови капитални инвестиции. „Охрид е нашата гордост и наша заедничка одговорност. Првата година од вториот мандат ја одбележавме со засилена динамика, завршување на започнатите […]

Повеќе

Поведена истрага: Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен скопјанец за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 и Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори […]

Повеќе

Денес се празнува Светиот апостол Кодрат

Еден од Седумдесетте. Ученик на големите апостоли. Го проповедаше Евангелието во Атина и беше епсикоп: најнапред во Атина (после свети Публиј), а потоа во градот Магнезија. Беше многу учен во светската мудрост и богат со благодатта на Светиот Дух. Неговиот животописец за него вели: „Беше како утринска ѕвезда сред облаци (Сирах 8, 6); облаците беа […]

Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Дебрца се менува и развива со нова фабрика во Мешеишта, реконструкција на Домот на културата во Волино, асфалтирани улици низ цела општина

Една година по промените кои ги донесоа граѓаните, Дебрца бележи значаен развој во повеќе области, со реализација на бројни инфраструктурни проекти, инвестиции во комуналната инфраструктура, поддршка за семејствата, младите, земјоделците и локалната економија, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Проекти се реализираат, се вложува, се гради, се инвестира, ветеното пред граѓаните се исполнува. Во таа […]

Повеќе

Мисајловски: Да го чуваме споменот на хероите кои го дадоа животот за татковината

Во СЦ „Борис Трајковски“ денеска се одржа Централниот меморијален турнир во мал фудбал, посветен на загинатите припадници на безбедносните сили на Македонија. Турнирот е организиран од Здружението на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили „Херои на Македонија 2001–2015“, а на него учествуваа екипи од Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи. Министерот за […]

Повеќе

Скокна минималниот износ за К-15

Од 1 јули компаниите во приватниот сектор можат да започнат со исплата на регресот за годишен одмор, попознат како К-15. Според актуелните пресметки, минималниот износ би изнесувал околу 19.116 денари. Сумата е пресметана врз основа на просечните нето-плати за февруари, март и април 2026 година, кои изнесувале 46.159, 48.433 и 48.779 денари. Просекот е околу […]

Повеќе

Мицкоски: Очекувам да имаме поевтинување на дизелот и бензинот следната недела

На денешниот увид на работите со изградбата на мостот „Љубљанска“ на кејот на Вардар во Општина Карпош, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува поевтинување на дизелот и бензинот следната недела. -Очекувам, според анализата на берзите како се движеа минатата недела, да имаме поевтинување на дизелот и бензинот следна недела, бидејќи тоа во Владата го анализираме […]

Повеќе

Николоски: Над 7 милиони евра се инвестираат за економски развој на Струмица

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, оствари работна посета на општина Струмица, каде со градоначалникот Петар Јанков, општинската администрација и пратениците Ели Панова и Жан Дрвошанов, разговараа за развојните планови на општината и реализацијата на инфраструктурните проекти со поддршка од Владата. На средбата беше истакнато дека Владата континуирано вложува во подобрување на […]

Повеќе

Петрушевски: Филипче откри сомнеж за криминал од 37 милиони евра за Петровска, Обвинителството веднаш да отвори предмет

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција побара Јавното обвинителство итно да отвори предмет по изјавите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој изнесе сомнежи за криминал тежок 37 милиони евра поврзан со поранешната министерка за одбрана и сегашна пратеничка, Славјанка Петровска. Според Петрушевски, Филипче во јавноста обелоденил дека Петровска потпишала договор […]

Повеќе

Ѓорѓиевски: Мостот на „Љубљанска“ во функција до крајот на годината

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски и Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска извршија увид во градежните активности на мостот на „Љубљанска“. По години застој, продолжува финалната фаза од поврзувањето на улиците „Љубљанска“ и „Скупи“, со цел до крајот на оваа година мостот да биде ставен […]

Повеќе