Пукната водоводна цевка на ул. „Јордан Мијалокв“, екипи на „Водовод“ на терен

Поради настанат дефект на водоводната мрежа (пукната е цевка со профил ф450мм) на улицата „Јордан Мијалков“ , денес од 08:30 часот со намален притисок ќе бидат корисниците од населбата Видобишта , дел од с.Лескоец и високата зона на градот. Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.

Повеќе

Колумна на Слободан ТОМИЌ: Мицкоски во Абу Даби – Нови геополитички мостови додека Европа сервира „фламанска карбонада”

Пишува: Слободан ТОМИЌ Кога ЕУ порача дека проширувањето ќе мора да почека ,сè додека самата Унија не се реформира, Македонија не треба да чека во редица како гладен ученик пред мензата на Брисел.  Зашто, колку повеќе чека, толку повеќе се лади „европската чинија”, а иднината на Македонија се одложува во недоглед. Наместо тоа, со посетата на […]

Повеќе

Јакнење на свеста за заштита на шумите: Работни средби на СВР Охрид со граѓани од Дебрца за превенција од пожари

Со цел, подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари, полициски службеници од отсекот за превенција при СВР Охрид, вчера (14.04.2025), одржаа повеќе работни средби со советодавните групи граѓани од селата Ботун, Лешани, Злести, Велмеј, Белчишта, Оздолени, Средорече и Издеглавје, општина Дебрца. Притоа, низ интерактивна комуникација, со граѓаните се дискутираше за општите мерки […]

Повеќе

Пронајдена и одземена марихуана при полициска контрола во Охрид

На 14.04.2025 во 17.50 часот, при контрола извршена на отворен простор околу булеварот „Железничка“ во Охрид, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Приведени 13 албански државјани во Охрид поради нелегална работа без соодветни дозволи

На 14.04.2025 година во 13 часот, во близина на хотелски комплекс на улицата „Наум Охридски“ во Охрид, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Запад“, приведоа 13 албански државјани кои претходно, беа затекнати при изведување градежни активности, без да поседуваат соодветна дозвола за работа. Од преземените мерки, констатирано е дека тие, на 14.04.2025 година, […]

Повеќе

Денес е Велики Вторник: на мудрите девојки, вторникот пред Пасха

На светиот и велики вторник правиме спомен на евангелската приказна за десетте девојки. Господ наш Исус Христос им говореше вакви приказни на своите ученици, додека влегуваше во Јерусалим, пред своето страдање. Со приказната за десетте девојки, Господ поттикнува на милост, и воедно ги поучува сите луѓе подготвено да го дочекаат крајот. Петте девојки, Он ги […]

Повеќе

Колумна на Слободан ТОМИЌ: Геноцид со шприц и маска (Или како не претворија во молчаливи кучиња на глобалната кланица)

Гласот на обесправените Пишува: Слободан ТОМИЌ СО СРЕЌА ФАУЧИ, Дали конечно дојде часот на вистината? Дали е можно човештвото да се буди од лабораториски создадениот кошмар што го нарекоа „пандемија“? Дали некој конечно ќе одговара за најмасовната биолошка операција врз човештвото, изведена со насмевка, бели мантили, и милијарди долари профит? Кога сѐ започна во Вухан, […]

Повеќе

СВР Охрид поднесе кривична пријава за бесправна градба во село Рамне

СВР Охрид поднесе кривична пријава против (46) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој, на катарстарска парцела во охридското село Рамне, без одобрение за градба, неовластено изградил објект за времено сместување кој спаѓа во градба од втора категорија, што било констатирано и при извршен вонреден инспекциски надзор од […]

Повеќе

Засилени контроли: 42 возачи фатени за брзо возење на подрачјето на СВР Охрид

На 13.04.2025, при контроли во патниот сообраќај извршени на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале 42 возачи на моторни возила кои, во и надвор од населено место, управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-10, Струга-11, Кичево-12, Дебар-09). Против нив, согласно одредбите од Законот за безбедност во патниот сообраќај, поднесени се прекршочни платни […]

Повеќе