Колумна на Слободан ТОМИЌ: Геноцид со шприц и маска (Или како не претворија во молчаливи кучиња на глобалната кланица)

Македонија

Гласот на обесправените

Пишува: Слободан ТОМИЌ

Слободан ТОМИЌ

СО СРЕЌА ФАУЧИ,

Дали конечно дојде часот на вистината?

Дали е можно човештвото да се буди од лабораториски создадениот кошмар што го нарекоа „пандемија“?

Дали некој конечно ќе одговара за најмасовната биолошка операција врз човештвото, изведена со насмевка, бели мантили, и милијарди долари профит?

Кога сѐ започна во Вухан, а подоцна со диригентската палка на длабоката држава се рашири на сите меридијани, многумина мислеа дека станува збор за „несреќа“, „грешка“, или природна несреќа.

Но, со текот на времето, сликата стана јасна ,ова не беше ништо друго туку проект, не експлозија, туку изведена детонација, не случајност, туку планирана пандемија, вооружена со игли, дигитална пропаганда, страв и – поткупени влади.

Бил Гејтс, Фаучи, Фајзер, СЗО, Џорџ Сорос, Европската комисија… целата мрежа на „филантропи“, „експерти“ и „спасители“ – денес се на тапетот на историјата.

Тужби за убиство, за геноцид, за медицинска тиранија, за манипулација и измама на светски размери!

На повидок е нешто повеќе од правда – ова е будење, бавно, болно, но сепак, неизбежно.

Народот се буди од фармацевтската хипноза, од медиумската магла, од маските и лајковите што им ги ставаа на „науката“.

Истата наука која денес е разоткриена како корумпирана проститутка на највисокиот понудувач.

ТРАМП И РОБЕРТ КЕНЕДИ ЈУНИОР ПРОТИВ ГОЛЕМИОТ КОБИД ЛАГЕР

Додека Бајден го помилува Фаучи, Трамп и Роберт Кенеди Џуниор отворено зборуваат за геноцидот.

Трамп вети истрага и правда, а Кенеди објави војна на корумпираната фарма-индустрија и здравствениот фашизам.

Нивниот став не е политика – туку човештво. Не е популизам – туку повик за спас.

Тие не молчеа. Ни ние не смееме.

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ – УВОЗНИЦИ НА СМРТТА, НЕ НАДЕЖТА

Колку македонски деца, млади, татковци и мајки, починаа од „неочекувани срцеви удари“, „мистерозни тромбози“, „акутни леукемии“, откако ја примија „светата“ вакцина?

Сѐ уште не смееме да прашуваме гласно. Но веќе и шепотот станува крик.

Венко Филипче и Зоран Заев наместо да штитат животи, штитеа договори.
Вакцините станаа злато на шверц-пазарот, а народот , експериментален стаорец.

Наместо грижа, манипулација. Наместо одговорност, молк. 

Наместо правда, рекет.

Џозеф Бајден, во последните денови од својот мандат, го помилува Фаучи.

Но злосторствата против човештвото немаат рок на траење, немаат аболиција, немаат заборав.

И Фаучи, и Гејтс, и Урсула фон дер Лајен ,првата дама на европската корупција која договорила милијарди евра за вакцини преку СМС-пораки со Фајзер – сите тие ќе бидат повикани пред лицето на правдата.

Ако не од суд, тогаш од историјата.

Ја европеизиравме Македонија до степен на молк.

Ни го избришаа идентитетот, историјата, сега сакаат да ни ја избришат и биологијата.

Зарем ова е Европа кон која сонувавме да припаѓаме?

Европа која ги покрива најголемите злосторства во модерната историја со декларации за „јавно здравје“ и „солидарност“?

Јас не сум антиевропски човек. Но сум против Европа што не е Европа.
Сум бил меѓу првите што интервјуирале европски лидери и се залагал за патот кон Унијата.

Но не и по секоја цена.
Не и со бришење на душата. Не и со крв на невини.

Не нѐ родила Македонија да бидеме статистика во експеримент на Фајзер, ниту бројка во таблицата на Гејтс.

Родени сме да живееме, со достоинство, со вистина, со слобода.

И за крај, да се запрашаме:

Кој ќе одговара за сите што починаа не од вирусот, туку од вакцината?

Кој ќе им погледне во очи на мајките што ги закопаа децата откако „спасија живот“ со инјекција?

Кој ќе ја врати Македонија, нејзината гордост, здравје и иднина?

Господ е праведен. А вистината е постојана.

И како што пишува еден мудар човек:
Не смееме да заборавиме. И никого!

Сонцето пак ќе изгрева. 

Но само за тие што не се поклонија на мракот.

Please follow and like us: